Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ZADAVENO TELE14.10.2016  Волците и понатаму беснеат на падините на Осоговските Планини. По случајот пред само два дена во селото Пресека кога нападнаа и распарчија повеќе крави, овој пат задавиле и целосно изеле теле. Му ја оставиле само главата на несреќното животно.

Сточарот сопственик на кравите и телињата со солзи во очите поради загубената стока раскажува како самиот ги гонел волците и го бранел стадото.

- Беа околу 4 или 5 волци, се спуштија надолу, јас со секирата отидов, ама сам што ќе направам. Видов дека само главата му ја оставиле, се изеле од телето, најдов му ја само главата.

Јас додека отидов, кравите се стрчаа и телето почна да рика таму во шумата и кога видов целото го распарчиле, па и мене ме беше страв да отидам, може и мене да ме нападнат, раскажува Ангел Василков, сточар од село Припор.

Со оглед што селото Припор е на само 3 км оддалеченост од градот, жителите кои што живеат во близина на планината се во паника и страв. Бараат да се организира хајка на волци со цел намалување на крволочните животни на овој дел од планината.

Ова не е прв пат да му биде нападната стоката на сточарот Василков.

- Пред само една недела ми снема уште едно теле, не сум видел, но мислам дека и тоа е распарчено од волци, но од тоа нема ниту трага, додава сточарот Василков.

Во последно време волците се намножија. Сточарите коментираат дека имаат повеќе фамилии и ја пустошат планината, односно напаѓаат се што се движи. Во потрагата по храна се приближуваат кон селата и чекаат погодна можност да го нападнат добитокот, велат сточарите кои што секојдневно се низ планината и забележале повеќе глутници и нивни траги на сите страни.

Т. Велкова

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: WNW при 4 kmh
Среда3°C/13°C
Четврток-1°C/12°C
Петок1°C/11°C
Сабота1°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 76 гости и нема членови


web counter



qr code