Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

minister cvetkov14.10.2016  Земјоделците од целиот кочански регион кои произведуваат ориз заглавија во долгови и немаат пари да го платат жнеењето на овогодишната реколта. Затоа жетвата доцни, а и она што ќе го соберат не знаат што да го прават.

Тоа меѓу другото беше речено на прес-конференцијата што ја органзиираше Здружението на оризопроизводители “Бело злато“, при што побараа од министерот Цветков да интервенира за подобрување на состојбата со откупот и ниските откупни цени.

- Ве повикуваме да земете во ваши раце, откуп и цена да им дадете на 5000 земјоделци кои не ви бараат ни вработување, ни социјална помош, ни еднократна помош, туку ви бараат да им го вреднувате трудот и маката што ја вложиле во април за да ја инкасираат во октомври.

Како второ, го повикувам вашиот заменик Костадиновски, пред неполни 120 дена тој даде изјава токму во Облешево дека конечно со оризопроизводството е решена маката на земјоделците, дека е решена маката оти оризот добил заштитна цена од државата. Од сето тоа на терен ништо, само лажни ветувања и дебели лаги, рече Зоран Борисов, потпретседател на Здружението на оризопроизводители “Бело злато“.

Од Здружението на оризопроизводители рекоа дека не сакаат да бидат манипулирани, туку да им се каже вистината, дали под вакви услови воопшто има потреба да се сее ориз.

- Доста манипулации правеа со оризопроизводителите, четири години се бориме, а тие не наоѓаат решение за оризопроизводителите. Затоа, ги замолуваме доста ги манипулираа и да стават крај на манипулациите, оти ако не се стави крај на овој хаос, ние нема зошто да го сееме оризот, зошто не тераат на сила да го сееме, рече Јордан Манасиев, претседател на Здружението на оризопроизводители “Бело злато“.

Оризопроизводителите се жалат дека откупните цени постојано паѓаат поради што тие се чувствуваат уценети оти мораат да го продадат оризот по срамни цени, иако им било ветувано дека ќе има долна граница под која не смее да се откупува килограм арпа и бел ориз.

- Стана 25 белиот со 13, 12, па еве ако не грешам, луѓето земале и 9 денари од килограм арпа. Тоа е срамота кога производната цена чини 14 денари што и самиот министер за земјоделие ја кажа дека чини 14 денари. Еве, гледаме и површините сами, дека немаат пари да ги соберат површините, до таму е стасан земјоделецот кој произведува храна за луѓето, односно за граѓаните на Република Македонија. Министерот нека стави прст на глава и нека мисли што понатаму.

Земјоделците се исплашени за својата егзистенција поради неплатените огромни долгови за струја и други давачки.

- Доколку сега они не седнат и не се преиспитаат дали земјоделецот е потрошен материјал или е господ за нив, доколку тие тоа не го одговорат, ние радикално ќе излеземе на улица. Нема зошто да се шуткаме, од Крупиште до Виница, ќе излеземе сите земјоделци, па дали ќе биде или не, ќе се види тогаш, рече Драган Трифунов, земјоделец од Чифлик.

На крајот од прес-конференцијата земјоделците му порачаа на министерот Цветков дека не е добредојден во Кочамни додека не се решат натруаните проблеми.

- Министерот го повикуваме на Деновите на кочанскиот ориз да не присуствува, бидејќи од него се трпат големи штети во оризопроизводството, рече Зоран Борисов, потпретседател на Здружението на оризопроизводители “Бело злато“.

Инаку, за в понеделник е закажана средба во Министерството за земјоделство меѓу министерот и оризопроизводителите, за која земјоделците велат дека е последна надеж да се преземат мерки за подобрување на нивната состојба.

Т. Ајтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 145 гости и нема членови


web counter



qr code