14.10.2016 Сандра Петрова, ученичка во четврта година во СОУ “Гошо Викентиев“ е избрана за жетварска убавица за 2016 година.
Нејзина прва придружничка е Јована Михаилова, а втора Тања Серафимова.
Така одлучи жири комисијата на на 11-то издание на Избор на жетварска убавица што се одржа во салата на Центарот за култура „Бели мугри“. За победничките, но и за останатите учеснички имаше награди од Општината и спонзорите.
Настанот што е посветен на оризовата жетварка е вовед во централните содржини на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.
Годинава во трката за најубава жетварка учествуваа 14 девојки на возраст од 15 – 20 години. Петрова, како овогодишна жетварска убавица ќе учествува во обичајот зажнејување, што ќе се изведе на нива на Грдовски Пат, в недела на 16 октомври.
Овогодишниот Избор на жетварска убавица беше во режија на Сања Карова.
Т. Ајтовски
©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.