Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

platanovi stebla1214.10.2016  Завршија активностите околу проектот за заштита и промоција на платановите стебла во село Мородвис чиј носител беше Здружението на граѓани „Движење за одржлив развој“ - Кочани во соработка со Општина Зрновци.

Реализацијата на активностите беше успешна и според однапред предвидената динамика, а целта беше да се придонесе за заштита на една од природните реткости во Република Македонија, како и промовирање на природните убавни пред пошироката јавност.

Како завршница на проектот се организираше едукативно предавање за најмладите.

- Овде денеска сме присутни покрај најстарите стебла во овој регион со една мала група ученици од општина Кочани и Зрновци, со цел да се запознаат со оваа природна реткост во нашиот реон, односно во село Мородвис и да ги покажат нивните знаења во делот на зачувување на природата, рече Васко Пендевски од Здружението “Движење за одржлив развој“ – Кочани.

Проектот за заштита на платановите стебла траеше една година при што се одвиваше во неколку фази, во кои беше изготвен елаборат по кој од Министерството за животна средина и просторно планирање беше добиено решение со кое дрвјата повторно се прогласени за природна реткост согласно Законот за заштита на природата. Потоа следуваше и конкретна заштита на стеблата.

- Се помина кон фазата на засекување на стеблата и старите, гнили гранки, нивно соодветно санирање и еден вид формирање заштитна ограда од природен материјал што се искористи за поставување клупи за седење каде локалното население и посетителите кои ќе дојдат да го видат ова природно богатство, значи да уживаат во во сенките на овие вековни дрвја. Сакам да изразам голема благодарност до Швајцарската конфедерација и Програмата за зачувување на природата во Република Македонија што и овој проект е дел од активностите на оваа програма. Значи, благодарност и до Општина Зрновци и градоначалникот Блаже Станков што еве, една наша заедничка идеја успеавме да ја реализираме, додава Пендевски.

Во рамки на проектот за заштита на платановите стебла во Мородвис изготвени беа флаери и пропаганден материјал за нивното значење, а поставени се и информативни табли со детален опис за карактеристиките на дрвјата.

Во наредниот период ќе остане обврската со нов проект да се продолжи со конзеваторските и други заштитни работи на преостанатите стебла што не беа опфатени со досегашните активности.

Т. Ајтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: NE при 9 kmh
Среда4°C/13°C
Четврток2°C/12°C
Петок1°C/12°C
Сабота2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 87 гости и нема членови


web counter



qr code