Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ulica stevo teodosievski221.10.2016  Нова реакција од граѓаните пристигна до медиумите за поддршка на нивното барање до Локалната самоуправа да ги исполни ветувањата за подобрување на безбедноста на улицата “Стево Теодосиевски“.

И возачите кои поминуваат по неа, и пешаците за кои нема тротоари секојдневно се соочуваат со опасноста од сообраќајна несреќа што може да има и кобни последици. Со оглед што во близина се две училишта, повеќе трговски објекти, а сообраќајницата претставува и главен излез од градот, фреквенцијата од пешаци, автомобили, камиони и автобуси е голема.

Минувачите велат дека им е потребна вистинска умешност и по малку среќа за да не се најдат под тркалата на некое возило.

- Поопасна улица од оваа нема, бидејќи тука е школото, дечиња и за мене мислам дека е опасно... Да биде убаво, и за децата, и за старите и за млади да минуваат, се што треба да биде добро, да одат посебно колите, а посебно ние да одиме ние луѓето. Вака, ќе се потргнеш, ќе се поместуваш, било велосипеди, било коли, не е убаво, рекоа граѓаните.

Освен недоволната широчина на коловозот и недостатокот од тротоари, на улицата има и сервис за миење возила што дополнително ја усложнува состојбата. Сопственикот вели дека е подготвен да помогне, со тоа што бесплатно ќе и отстапи дел од просторот на Општината за да се намалат опасностите во сообраќајот.

- Проблемот не е наметнат од нас, тоа е проблем на Општината бидејќи јас лично имав дадено иницијатива да се отстранат куќите што пречат на патот, да се оформи тротоар за да можат и луѓето да се движат и ние да имаме нормален влез, меѓутоа од Општината не наидуваат на согласност за сето тоа. Јас можам самоиницијативно како подарок да го дадам на државата местото што треба да се одземе за тротоар, меѓутоа да правам јас трошок, да рушам куќа и да поместувам се што веќе сум направил, за да и оформам на Општината да има тротоар и простор за движење, тоа не можам да го поднесам затоа што тоа не е моја работа, рече Методи Арсов, сопственик на сервис за миење возила.

За проблемот со неколкуте стари куќи од кои се надвиснати ќерамиди, што е дополнителна опасност за пешаците, се разговараше во Советот на Општината пред повеќе од една година, а одоговорот на надлежните тогаш беше дека ќе преземат соодветна реакција.

- Пак ќе го испратиме инспекторот да постапи согласно законските надлежности. Мислам дека веќе има постапувано, има задолженија за сопственикот, а ако тој не преземе нешто, тогаш на негова сметка ние ќе преземеме отстранување на тие предмети што се склони на паѓање или целата куќа, ќе видиме, рече Петар Апостолов, секретар на Општина Кочани.

Промена во состојбата и со старите куќи и со недостигот од тротоар до сега нема. За среќа не се случила потешка сообраќајна несреќа на овој дел од улицата, но граѓаните бараат да се предвидат пари во Буџетот на Општината за рушење на куќите и изградба на тротоар за да се избегнат опасностите и немилите случки.

Т. Ајтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 20 kmh
Четврток2°C/11°C
Петок3°C/13°C
Сабота2°C/12°C
Недела7°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 79 гости и нема членови


web counter



qr code