Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

sednica sovet21.10.2016  Најкратката редовна седница за оваа година ја одржа Советот на Општина Кочани.

Повеќе време му беше потребно на претседавачот да ги прочита целосните називи на точките од дневниот ред, отколку што траеше гласањето и нивното усвојување, па целата работа се заврши за половина час.

Иако дневниот ред беше дополнет со уште три точки во однос на претходно предложениот, советничката говорница остана празна, а усвојувањето на точките се одвиваше експресно. Се очекуваше дека барем разгледувањето на извештајот за извршувањето на Буџетот за третиот квартал од годината, како и за носењето на буџетскиот календар за догодина, можат да испровоцираат дискусија, тоа не се случи.

Всушност, најмногу време се потроши на краткото образложение на претставникот од Секторот за финансии кој зборуваше за досегашната реализација на приходите и расходите во Буџетот.

- Вкупното извршување на вкупниот буџет на Општината на страната на приходите е 63%, додека на страната на расходите е 61% и салдото на сметката на основниот буџет на Општината на 30 септември е 6.830.728 денари. Ова е К1 образецот за извршувањето на Буџетот, а во К2 образецот се прикажани обврските што ги има Општината и во однос на претходниот квартал имаме зголемување на обврските. Тоа се обврски што ги имаме кон добавувачите за изработка на улици кои што се добиени како мерка од Агенцијата за финансиска поддршка, пуштени се барањата за исплата на средствата, тоа е обврска на Општината, но средствата ќе бидат добиени од Агенцијата, рече Дејан Рашков од Секторот за финансии на Општина Кочани.

Петминутното објаснување од Рашков за извршувањето на Буџетот во првите 9 месеци од годината не предизвика дискусија меѓу советниците, па заедно со Буџетскиот календар беше усвоено.

Слично помина и разгледувањето на останатите точки, при што без коментар или прашање се усвои Извештајот за работењето на детската градинка за изминатите 12 месеци, а беше дадена и согласност на барањето од оваа установа за запишување поголем број деца од законскиот норматив.

Исто така, беа прифатени предлог-решенијата за нови членови на Управниот, односно Училишниот одбор на градинката и на СОУ “Ѓошо Викентиев“.

На крајот, вообичаено без расправа поминаа и точките од областа на урбанизмот, па по неколкуте советнички прашања на кои наместо отсутниот градоначалник одговараше секретарот на Општината, советниците набрзина ги напуштија советничките клупи.

Т. Ајтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 22 kmh
Четврток2°C/11°C
Петок3°C/12°C
Сабота2°C/11°C
Недела7°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 51 гости и нема членови


web counter



qr code