Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

porta tunel27.10.2016  Пешачкиот тунел под зградите на улицата “Кеј на Револуцијата“ во централното градско подрачје на Кочани доби врата.

Металната преграда е поставена од пред некој ден токму на местото што граѓаните го користат како можност за поминување од и кон улиците “Браќа Ставреви“, “Тошо Арсов“ и останатите во овој дел од градот.

Минувачите биле непријатно изненадени кога забележале дека некој решил на ваков начин физички да им го попречи патот, иако се работи за јавен простор со соодветна намена. Поради тоа реагираа и до медиумите со образложение дека се работи за дел од поранешен пат, па поради тоа и кога се граделе зграdите бил оставен тунелот.

- Ова е катастрофа, пат што два века постои, по ниедна скица, по ниеден урбанистички план не е избришан, сега еве некој си нашол за право да го прегради. Сега за сега додуша се уште не го заклучил, ама гледам клуч, имам информации дека ќе дал на станарите само да го користат преминот... Тоа е стар пат, затоа е и оставен подвозник, да можат да поминуваат луѓето, цел Доклевец поминуваше оттука... Не, не треба да има врата тука, кој може да го загради, ова е општествен простор тука, премин е оставен да се минува. Цел град минуваше, ова беше улица тука, јавен простор, коли и камиони поминуваа од овде, рекоа граѓаните.

Неофицијално, металната преграда била поставена за да се спречи користењето на преминот како јавен тоалет и место каде се фрла комунален отпад.

Сепак, граѓаните велат дека просторот не им припаѓа само на жителите на зградите, туку на сите што имаа потреба да го скратат минувањето кон околните куќи. Наместо да заобиколуваат по околните улици, додаваат дека преку тунелот побрзо можат да стигнат до болница, до некоја од аптеките или да завршат друга потреба.

Затоа и на овој начин јавно реагираат, со барање надлежните да преземат мерки за отстранување на оградата и металната врата.

Т. Ајтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 13 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 180 гости и нема членови


web counter



qr code