Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

knigi kiro donev04.11.2016  Во рамките на одбележувањето на Месецот на книгата во Центарот за култура „Бели Мугри“ беа промовирани најновите остварувања на писателот за деца Киро Донев од областа на детската литература.

Книгите насловени „Училишен театар“, „Збркана сказна“ и „Јамболија што лае“ излегоа во издание на издавачката куќа „Македонија литера“.

Голем дел од делата на Донев се вклучени во училишната лектира од трето до деветто одделение во основното образование.

- Посебно на децата им ја препорачувам книгата „Збркана сказна“ која што од догодина можеби ќе биде промовирана и како телевизиска серија. Јас секогаш пишувам со голема љубов кон децата и пишувам заедно со нив. Се надевам дека ќе им се допаднат книгите и најновите мои дела, рече Киро Донев, писател за деца.

За творештвото на Киро Донев и за најновите книги зборуваше Горјан Петрески, писател за деца кој што ја истакна големата љубов на авторот кон децата и создавањето поетски, прозни и драмски текстови наменети за најмладите читатели. Делата на Донев се преведени и на неколку светски јазици. Дел од творештвото на авторот презентираше Љупка Стоименова, наставник по македонски јазик и литература.

Инаку, и денеска продолжија средбите на учениците со писателите за деца Киро Донев и Горјан Петрески каде што ги посетија училиштата „Малина Попиванова“, „Никола Карев“ и ОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Оризари.

Т. Велкова

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

18°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 77%
Ветер: NNE при 9 kmh
Четврток-3°C/9°C
Петок-2°C/7°C
Сабота-2°C/8°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 167 гости и нема членови


web counter



qr code