07.11.2016 Велосипедист бил тешко повреден во сообраќајната несреќа што во неделата попладне се случила на магистралниот пат А3 во правец на Делчево.
Според податоците од СВР незгодата се случила околу 13,40 часот на патниот правец во близина на населбата Оризари. При тоа патничко возило „мерцедес“, управувано од 52-годишниот А.С. од Штип удрило во велосипедот што го управувал 65-годишниот Б.Т. од населбата Оризари.
Од ударот велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и веднаш бил префрлен во Општата болница во Кочани.
По првично укажаната медицинска помош биле констатирани повреди поради чија сериозност повредениот бил препратен на лекување во Клиничкиот центар во Скопје.
Екипа од Полициската станица - Кочани на местото на настанот извршила увид од кој треба да се разјаснат околностите во кои се случила сообраќајкната несреќа.
©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.