Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Agencija-za-Vrabotuvanje-304.06.2013 Наместо до 3-ти рокот за самовработување со доделување неповратен грант е продолжен до 7 јуни. За оваа мерка и претходно и сега постои голем интерес во Кочани. Од распишувањето на огласот, досега во подрачната единица на Агенцијата за вработување се пријавиле 42 лица- информираа оттаму.

Мерката се однесува на долгорочно невработени (над 1 година евидентирани во АВРМ), лица на возраст од 30-49 години, млади лица до 29 годишна возраст, поранешни вработени лица во дејноста на енергетиката на кои работниот однос им престанал поради деловни причини, професионални војници на кои им престанала службата во АРМ, корисници на паричен надоместок по основ на невработеност, како и корисници на социјална парична помош.

За овој грант може да аплицираат илица со статус деца без родители и родителска грижа, жртви на семејно насилство, бездомни лица, поранешни корисници на дрога, родители на деца на улица, самохрани родители, родители со 4 и повеќе малолетни деца, лица под супсидијарна заштита, собирачи на ПЕТ отпадоци, Роми, млади брачни двојки со или без деца до 45 годишна возраст, возрасни лица од 50 до 59 години, осудено лице по отпуштање од казнено поправна установ.

Сите заинтересирани да се пријават во центарот на АВРМ во Кочани каде редовно се евидентираат како невработени лица.

Финансиската поддршка опфаќа обезбедување на неповратни средства за набавка на опрема и/или репроматеријали во висина од 185.000 денари и помош во трошоците за регистрација на фирма.

Г. Лалов

Сподели

Agencija-za-Vrabotuvanje-2Agencija-za-Vrabotuvanje-1

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 51 гости и нема членови


web counter



qr code