Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Mis Makedonija gloub07.11.2016  Александра Тројановска од Крива Паланка победи на изборот за Мис на Македонија 2016 за "Мис глоуб" што се одржа во ресторанот „Александар парк“ во Виница.

Во силна конкуренција од вкупно 10 финалистки, титулата „Мис на Македонија“ ја понесе убавата девојка од Крива Паланка и ќе ја претставува Македонија на изборот за „Мис глоуб 2016“ што ќе се одржи во Тирана, Албанија.

Девојките имаа четири претставувања меѓу кои последното во костими за капење, а жири комисијата имаше тешка задача да ја избере најубавата од најубавите.

Прва придружничка беше избрана Ангела Ставревска од Охрид, а втора Андријана Илиовска од Скопје. Титулата „Мис фото“ и припадна Даниела Филипова од Богданци. За „Мис фејс“ беше избрана Елена Петревска од Прилеп. „Мис шарм“ - Стефанија Данилова од Кочани, „Мис боди“ - Андријана Цветковска од Штип, „Мис френдшип“ - Елеонора Димовска од Битола и за „Мис публика“ беше избрана Кристина Поптрпева од Гевгелија.

На финалето се избираше и уште една победничка што ќе учествува на изборот за Кралица на Евроазија што ќе се одржи следната недела во Истанбул, Република Турција. Оваа титула и припадна на Ивана Маневска од Скопје.

Сите девојки добија подароци од спонзорите. Изборот се одржа во соработка со модното студио „Црнокрак“, а за забавата на гостите се погрижи групата „Харем“. Наградите и круните им ги врачи минатогодишната победничка Елена Ангеловска, која на изборот "Мис глоуб 2015" во Торонто, Канада, ја освои титулата втора придружничка.

Т. Велкова

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/13°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-3°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 97 гости и нема членови


web counter



qr code