Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

kucinja vtora sansa08.11.2016   Цврсто стегнати околу вратот со жица, без простор за воздух, дехидрирани, измачени, тепани, малтретирани без храна и вода, врзани под кревет во напуштен објект на улицата „Скопска“. Во ваква состојба активистите од Здружението за заштита на животните „Втора шанса“ ги затекоа кучињата во Кочани.

По дојава од граѓани отидоа на местото и ги ослободија беспомошните животни.

- Имавме сознанија каде се кучињата кои што ги малтретира кочанскиот монструм Николчо Тарџиманов и дојдовме да ги ослобидме невините животни.

Ја известивме и полицијата затоа што крајно време е да се заштитат животните, рече Благица Лазарова, активист од Здружението за заштита на животните „Втора шанса“ Кочани.

- Имаме дојава од совесни граѓани дека монструмот од Кочани повторно ги малтретира кучињата. Ние сме тука да ги ослободиме но и да реагираме на ваквата појава со цел заштита на кучињата, рече Александра Арсова, активист од Здружението за заштита на животните „Втора Шанса“ Кочани.

И по наоѓањето на двете кучиња под креветот, активистите пронајдоа уште едно измалтретирано и до смрт преплашено куче, овојпат во подрум во една од зградите. И тоа беше цврсто врзано околу вратот, изгладнето и дехидрирано.

За стореното активистите ја известија и полицијата кои што дојдоа на лице место да напарават увид, по што од членовите на Здружението ќе поднесат пријава за лицето кое што ги измачува животните. На оние што ги ослободија, активистите им дадоа храна и вода, а за тоа животните видно ја покажаа својата радост и благодарност.

За телевизиите пред две години зборуваше мајката на насилникот која што велеше дека срам и што има таков син, оти не ги малтретира само кучињата туку и неа.

Граѓаните стравуваат од можен напад врз дете, а станарите коментираат дека на овој дел од градот честа е сликата на остатоци од тела на мртви кучиња, распаднати тела, расфрлани екстремитети. Често има празни шишиња пиво и искористени кондоми. Постојат и оправдани индиции дека кучињата се сексуално злоставувани, а потоа и убивани од лицето кое оддамна и е познато на полицијата.

Т. Велкова

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 82%
Ветер: NNE при 9 kmh
Недела2°C/12°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 106 гости и нема членови


web counter



qr code