Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

marija atanasova09.11.2016  Над 3200 гласа и голем број позитивни коментари за поддршка доби студентката Марија Атанасова од Кочани, со што го освои првото место во модниот предизвик „Сврти нов лист и стани стилист”, чиј организатор беше трговскиот центар Скопје Сити Мол.

Целта на настанот беше да се охрабрат потрошувачите и сами да ги претстават свои идеи и погледи за модата и да уживаат во модните содржини што им се нудат во познатите трговски синџири.

Пред посетителите на Скопје Сити Мол, Атанасова се претстави со уникатна комбинација на стилско аранжирање на облеката што и го донесе високото признание. Со оглед на редовните обврски што ги има како студент на Правниот факултет, таа е во Скопје, но во телефонски разговор за Канал 8 рече дека е задоволна од успехот што ќе биде понатамошен поттик за неа во стилскиот дизајн.

- Случајно на фејсбук видов дека има таков моден предизвик што го организира Сити Мол и додека се подготвував за колоквиумската недела имаше можност да се избере своја лична слика за да се надополни некоја комбинација на познати дизајнери од Македонија, јас ја надополнив и по неколку дена добив порака дека од 700 учесници сум избрана меѓу првите тројца финалисти, за понатамошно натпреварување. Пред неколку дена бевме повикани во Сити Мол, каде во избвор од неколку продавници си составивме наша комбинација и од трите комбинации требаше да се избере која ќе биде најдобра. Вчера ја избраа мојата за најдобра, за победничка комбинација, рече Марија Атанасова, победник на модниот предизвик на Скопје Сити Мол.

Како еден од тројцата финалисти на модниот предизвик, Атанасова го надополнувала стајлингот предложен од модните стилисти и дизајнери Драган Христов, Катерина Трајановска и Ана Несторовска.

Покрај определбата да стане добар правник, таа вели дека дизајнот и стилската мода и се секојдневно хоби, а ова признание дополнително ќе и биде предизвик за нови комбинации во гардеробата.

- Имам некоја желба да дизајнирам, ги следам модните случувања во светот и овде пошироко и така, имам една желба за тоа како едно хоби плус. Дефинтивно би се пријавила ипонатаму, и со тие луѓе кои го организираат тоа зборувавме за понатамошни проекти во кои би била вклучена и јас, додава Атанасова.

Атанасова својата стилска комбинација ја направила од модни примероци од неколку познати трговски марки, при што според образложението за наградата, ја истакнала моќта на базичната облека, во комбинација со впечатливи модни детали, што зборуваат за нејзиниот личен стил, за модната смелост и за изградениот визуелен израз.

Претставници од Скопје Сити Мол и врачија повеќе награди од гардеробата што во момeнтот е моден тренд меѓу младите.

Т. Ајтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 82%
Ветер: NNE при 9 kmh
Недела2°C/12°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 124 гости и нема членови


web counter



qr code