Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

kruzen tek gimnazija10.11.2016  Локалната самоуправа на Кочани ги започна планирањата на трошоците за инфраструктурни и капитални зафати за наредната година. Во делот за изградба и реконструкција на локалните патишта и улици се предивдува дека на Општината ќе и бидат потребни над 51 милион денари.

Во амбициозната програма што се уште е во предлог фаза, покрај редовното одржување на сообраќајниците, е зацртано да се доврши асфалтирањето на улицата “Кресненско востание“, како и други помали улици со должина до 100 метри. Исто така, во планот е влезено и пробивањето и прочистувањето на ридско-планинските патишта, како и тампонирањето на улици, за што ќе се наменат над 8 милиони денари.

Сепак, најголема ставка што паѓа во очи се трошоците за изградба на најавуваниот кружен тек на двојниот мост во близина на гимнaзијата “Љупчо Сантов“.

За почетните активности за реализација на овој објект е предвидено да се потроши една петтина од сите пари за изградба и реконструкција на улиците и патиштата. Факт е дека предвидените 10 милиони денари нема да бидат доволни за завршување на проектот, со оглед што, според најавите на првиот човек на Општината, тој ќе чини многу повеќе.

- Засега се издвоени околу 30 илајди евра кои се предвидени само за изработка на проектната документација. Проектната документација содржи повеќе елементи, од сообраќајно, архитектонско решение, зашптита од водата бидејќчи се работи над Кочанска Река, електрика, осветлување, зеленило, значи има 12-13 проекти за начинот на изведба. Кога ќе се изведува потребно е да не се стопира сообраќајот, тоа е такво критично место каде што не можеме да го затвориме сообраќајот. Значи, за тоа се издвоени околу 30 илјади евра, а со еден од тие проекти е давање финансиска конструкција, финансиска пресметка, односно одредување колку би чинела изведбата на тој проект, рече Ратко Димитровски, градоначалник на Општина Кочани.

Пресметката на трошоците за чинење на новиот кружен тек кај Гимназијата покажала дека Општина Кочани треба да обезбеди меѓу 600 и 700 илјади евра. Тоа значи дека предвидените пари со Програмата за изградба и одржување на патиштата и улиците за идната година ни оддалеку не се доволни за овој проект.

Инаку, од Светска банка била одобрена донација од околу 16 милиони денари за реализирање на проектот за завршување на улицата “Гоце Делчев“ во населбата Оризари и нејзино поврзување со регионалниот пат. Дополнително за оваа намена Општина Кочани треба да обезбеди околу 3,5 милиони денари.

Т. Ајтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 82%
Ветер: NNE при 9 kmh
Недела2°C/12°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 111 гости и нема членови


web counter



qr code