Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

vreki oriz10.11.2016  На вкупно десет од регистрираните 12 претпријатија за откуп на ориз во кочанскиот регион им е блокирано работењето поради земените мостри од залихите што им се најдени во магацините.

Ќе се прави испитување на квалитетот на оризот во три сертифицирани лаборатории во Македонија, по што треба секој од откупувачите да добие лиценца со која ќе може да извезува на странските пазари. Испитувањето ќе потрае, а дотогаш и откупот ќе мирува.

Тоа е причината поради која кај земјоделците се создаваат дополнителни нервози. Примената на таквата мерка велат доаѓа во најнеповолен момент кога се уште се собира овогодишната реколта, а непродадени се и околу 3.000 тони арпа од минатата година.

Освен тоа и максималната откупна цена што не надминува 15 денари за килограм е далеку под рентабилната.

- Значи во моментот повисока е цената на трошокот по произведен килограм арпа, отколку откупната цена, а откуп врши само “Левидиагро“, турската компанија, вели Зоран Борисов, потпретседател на Здружението на оризопроизводители “Бело злато“ од Кочани.

Од Кластерот за ориз пак, потсетуваат на законската обврска за навремено склучување договори за откуп. Земјоделците кои произведуваат ориз и кои сакаат да ја продадат арпата, ќе мораат најмалку 45 дена порано да склучат договор со откупувачите за да можат да го пласираат производството. Во спротивно, претпријатијата ќе им ги откажуваат барањата за откуп.

Земјоделците се сомневаат дека во блокирањето на работењето на откупувачите има и политика, бидејќи само на две претрпријатија во Кочанско и понатаму им се овозможува да откупуваат арпа.

T. Ајтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: WNW при 4 kmh
Среда3°C/13°C
Четврток-1°C/12°C
Петок1°C/11°C
Сабота1°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 84 гости и нема членови


web counter



qr code