Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

kandidati pratenici vmro dpmne14.11.2016  Почитувајќи го законскиот рок за објавување на кандидатските листи за пратеници за претстојните парламентарни избори, коалицијата “За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во петокот доцна вечерта излезе со имињата на луѓето кои ќе влезат во изборната трка.

Носител на листата во Изборната единица број 3 е досегашниот пратеник и координатор на пратеничката група на партијата на власт, Илија Димовски.

Општинскиот комитет од Кочани пак, повторно го предложи Иван Иванов, кој во досегашниот парламентарен состав исто така беше пратеник. Според официјалните податоци, Иванов се најде на 11 место на кандидатската листа, додека далеку повисоко, на 6 позиција е неговата партиска и собраниска колешка Магдалена Манаскова од Виница.

Со тоа отпаднаа претпоставките дека е можно кандидат за пратеник да биде актуелниот градоначалник Ратко Димитровски или пак претседателот на Општинскиот комитет и актуелен советник Лазо Митев.

Општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ од микрорегионот предлагаат уште еден кандидат, кој според распоредот на гласовите што ги добиваа партиите во досегашните изборни циклуси, малку е веројатно дека може да седне во парламентарните клупи. Се работи за актуелната претседателка на Советот на Општина Чешиново-Облешево, Тина Петрова, која се наоѓа на 19 место на кандидатската листа во ИЕ3.

За разлика од нив, очигледна е повисоката позиционираност на кандидатите кои доаѓаат од Општинскиот комитет од Штип, каде актуелните пратеници Трајчо Димков и Никола Мицевски се наоѓаат на 4, односно 8 место.

Инаку, претседатлот на партијата, Никола Груевски на одржаната конвенција рече дека со истакнатите листи очекува победа при што се надева оти коалицијата “За подобра Македонија“ ќе успее да ја добие довербата на гласачите и во новиот состав на Парламентот да обезбеди 63 пратеници.

Т. Ајтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: WNW при 4 kmh
Среда3°C/13°C
Четврток-1°C/12°C
Петок1°C/11°C
Сабота1°C/11°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 80 гости и нема членови


web counter



qr code