Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

orizni nivi neozneani16.11.2016  И Советот на Општина Кочани се вклучува во барањето помош од Министерството за земјоделство за решавање на проблемите со откупот на оризовата арпа.

На последната седница беше усвоен заеднички писмен документ со кој советниците им дадоа поддршка на земјоделците кои произведуваат ориз во нивното настојување да се најде ефикасно решение за сегашната состојба.

Во информацијата за производството, пласманот и цената на арпата што беше претставена, беше речено дека се уште има контроли на теренот.

Извесен откуп имало со цени што се нешто повисоки од оние кои ги изнесуваат земјоделските производители.

- Имам информација дека од два откупни пункта имаме откуп на оризовата култура, односно оризовата арпа, по цена од 18 -20 денари, па затоа ја имаме и доставено и оваа цена овде, што ве интересира вас и самите производители, рече Влатко Минов од Подрачната единица за земјоделство.

Советниците реагираа дека откупната цена што е наведена во Информацијата од подрачната единица на Министерството за земјоделство не е соодветна со реалните случувања на теренот.

- Значи, за жал информациите од теренот не зборуваат дека можете денес да продадете ориз, арпа по цена од 18 или 20 денари. Ниту еден до откупните центри не откупува по оваа цена, туку цената по која откупуваат е 15 и 16 денари. Еве, ве повикувам од говорница кажете каде може да се купи по 20 денари арпа и кој е начинот на плаќање, дали веднаш ќе биде платено или по извесно време, рече Ѓорѓи Алексов, член на Советот на Општина Кочани.

Како начин за решавање на проблемите со откупот и ниските цени беше предложено да се намалат површините што ќе се сеат со ориз.

- Неопходно е, значи, намалување на овие површини, ланската година имаме зголемување на површините под ориз, еве до каде не доведе тоа. Неопходно е намалување на површините под ориз, преминување на друго култури кои се поисплатливи за земјоделецот, поминување на градинарство, малку е потешко за работа од оризот, меѓутоа таму е економската оправданост, рече Љупчо Стојилков, член на Советот на Општина Кочани.

Согледувајќи дека има потреба заеднички да се реагира за лошата стостојба со оризопроизводството беше предложено Советот да упати барање до Министерството за земјоделство да преземе соодветни мерки. Текстот на писмениот документ им беше претставен на советниците.

- Советот на Општина Кочани бара од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во најкраток временски период, во рамки на надлежностите што ги има, да се заложи и да преземе конкретни мерки во врска со навремениот откуп и цената на оризовата култура на подрачјето на општина Кочани, рече Венцо Бојков од Одделението за правни и општи работи.

Ваквото писмено барање доби едногласна поддршка од сите советници.

Сепак, со оглед што реалната моќ за влијание на Советот врз државните органи во слични ситуациии до сега не се покажала како многу ефикасна, прашање е дали тоа нешто ќе промени или поверојатно е дека тоа ќе си остане “мртва буква на хартија“.

Т. Ајтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Дожд
Влажност на воздухот: 100%
Ветер: WNW при 2 kmh
Среда4°C/13°C
Четврток2°C/12°C
Петок1°C/12°C
Сабота2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 78 гости и нема членови


web counter



qr code