Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

itna pomos protest17.11.2016  Вработените од Итна медицинска помош го изразија револтот од раководството на Здравствен дом - Кочан поради запирање пари од платата за административни или други трошоци.

Имено, вработените во Здравствен дом велат дека на оние кои отплаќаат кредит им сопираат на плата по 30 денари месечно со образложение за административни трошоци.

Ако отплаќаат три или четири кредити сумата им се зголемува на четири пати повеќе што, велат вработените, не било законски.

- Револтирани сме ние вработените од Брза помош од нашето раководство. Оние што имаме земано кредити ни сопираат по 30 денари месечно. Има вработени кои што земаат по три или повеќе кредити, тоа е 120 денари месечно. Ги известивме и во Управата, а од Синдикатот од Скопје беа тука, кажаа дека тоа е незаконски, а тие се уште запираат пари. Друго сакам да напоменам, вработените, имаме картички од маркетот “Зендолино“ и таму не ни запираат,а на друго место ни запираат, рече Владо Ѓорѓиев, вработен во ЈЗУ Здравствен дом - Кочани.

Директорот на Здравствениот дом со свој одговор.

- На седница на Управен на 30 декември 2011 година е донесен заклучок да се задржуваат по 30 денари што се користат за покривање на материјални и административни трошоци. Бидејќи порано за уплата се плаќаше во банката 35 денари, а ние запираме по 30 денари. Меѓутоа, оној вработен кој што не сака Здравствениот дом да посредува во плаќањето, односно оние кои што сами си плаќааат, не им се задржува никаков надомест на платата. За задршката на износот корисниците се запознати и дале согласност. Никој со сила не им зема пари, рече Иван Спанчевски, директор на ЈЗУ Здравствен дом Кочани.

Вработените во Здравствениот дом - Кочани се пожалија и на неисплаќањето бенефициран стаж, што како што велат било случај само во Кочани.

- Само на нас вработените од Брза помош во Кочани не се плаќа бенифициран стаж, а во цела Македонија се плаќа. На нашата жалба одговорот е дека не сме биле екипирани, рече Ѓорѓиев.

- За тоа што тврдат дека не им плаќаме бенифициран стаж тоа е точно, меѓутоа пред извесно време раководителот на Итната медицинска помош, главната сестра и техничкиот персонал беа запознати со Законот за работни односи кој што предвидува дека стажот за мажите и жените може да се продолжи до 67-годишна возраст. Ние рековме кој сака да продолжи не можеме да му плаќаме бенифициран стаж затоа што докторите и сестрите за една година имаат два месеца бенефиција, додека докторите за една година имаат три месеци бенефиција. Може да се случи сестра не со 62, туку со 60 години да оди во пензија. Да не бидат тогаш изненандени, ние рековме кој сака да продолжи не можеме да му плаќаме бенифициран стаж, одговори Спанчевски.

Како и да е, и едната и другата страна остануваат на своето. И понатаму продолжува незадоволството на вработените во Здравствениот дом, а раководството продолжува да работи согласно Законот.

Т. Велкова

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 82%
Ветер: NNE при 9 kmh
Недела2°C/12°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 115 гости и нема членови


web counter



qr code