Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

gimnasticari kocani21.11.2016  Над 200 гимнастичари од Бугарија, Македонија, Белгија, Англија и Грција учествуваа на 13. меморијален турнир “Љупчо Солачки“ што викендов се одржа во Благоевград, соседна Бугарија.

Тие се натпреваруваа во стандардните гимнастички дисциплини во машка и женска конкуренција.

Меѓу нив како претставник од нашата земја учествуваше и КГС “Кочани“ со двајца гимнастичари предводени од тренерот Николче Колев.

Според информациите од клубот, во силна конкуренција нашите натпреварувачи одлично ги извеле нивните вежби, при што Јана Николова се пласирала во финале, односно меѓу најдобрите осум на справи. На крајот, на двовисински разбој таа го зазела петтото место, во прескок била шеста, а во повеќебој е седмопласирана. Во машка конкуренција пак, Антонио Јаношевиќ успеал да обезбеди пласман во финалето на разбој и во исклучително силна конкуренција од 42 натпреварувачи во неговата категорија го освоил осмото место.

Со оглед на конкуренцијата на турнирот и условите во кои што работат кочанските гимнастичари, овие резултати се одличен успех за нашиот клуб.

Инаку, меѓународниот турнир во Бугарија се одржува со поддршка од Општина Благоевград и гимнастичкиот клуб “Љупчо Солачки“, во знак на сеќавање на поранешниот спортист и тренер на овој клуб.

T. Ајтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 163 гости и нема членови


web counter



qr code