21.11.2016 Во неделата околу 14 часот во Полициската станица - Кочани, 31-годишна жена од Кочани пријавила дека еден ден претходно во два наврати, од страна на машко лице било извршено силување и други полови дејствија над нејзината четиринаесетгодишна ќерка.
Како што соопштува полицијата, немилиот настан, се случил во саботата кога кочанецот со иницијали И.М. со возило го однел девојчето на местото „Гумата“ во близина на село Грдовци.
Таму го извлекол од автомобилот и со употреба на сила го разголил и го допирал со рацете по телото. Подоцна, го одвел на периферијата од градот, каде што во возилото, на сличен начин, повторно го извршил истото дејство.
Малолетничката пружала отпор и се обидувала да го оттргне И.М., истовремено викајќи за помош.
Од полицијата информираат дека преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.