Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

biznis ideja22.11.2016  Започна иницијативата за формирање на Здружение на малостопанственици во Кочани.

Иницијатори за формирање се Благица Сабовљевиќ Стоименова и Ненад Стојанов кои што велат дека тоа треба да придонесе за унапредување на положбата на малостопанствениците.

- Основната цел на ова здружение е поголема соработка со националните и локалните власти како и наше поголемо учество во креирањето на политиките и мерките кои што ги донесуваат локалнатѕа и централната власт, преку наши предлози, сугестии и конкретни мерки.

Значи, нашата основна цел ќе биде и соработка со властите како и нивен коректор доколку имаат потреба од такво нешто. Сакам да кажам дека има голема заинтересираност за здружението и уште од првиот ден имаме околу 130 членови на формираната група на социјалните мрежи, рече Ненад Стојанов, иницијатор за формирање на здружението.

Со Здружението би требало да се штитат и правата на стопанствениците. Една од основните задачи на Здружението ќе биде обезбедување совети, информации и едукација на малостопанствениците во однос на нивните индивидуални и колективни права.

Стојанов додава дека едноставно се јавила потребата од формирање на вакво здружение со цел унапредување на соработката со локалните, националните власти и деловниот сектор во креирањето и спроведувањето на нивните одлуки и мерки, учество во креирање на политиките и законската регулатива преку претставување на интересите.

Иницијаторите ги покануваат сите стопанственици да бидат дел од Здружението, а заинтересираните можат да се обратат на телефоните 070-309- 150 и 077-561- 222.

Т. Велкова

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/13°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-3°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 93 гости и нема членови


web counter



qr code