Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

MOST ZRNOVCI srusen23.11.2016  Механизација на компанијата „Гранит-Фресине“ од денеска ги започна активностите за расчистување на теренот околу мостот на реката Брегалница кај Зрновци, за негово рушење и изградба на нов објект.

Се сечат дрвјата околу мостот, се отстранува железната ограда како и дел од потпорните ѕидови.

Мостот веќе е забранет за сообраќај, а жителите од и кон Зрновци поминуваат по новото алтернативно решение кое е изградено со пропусти на реката Брегалница, на стотина метри јужно од објектот.

- По долги најави еве конечно денеска ги започнавме активностите за рушење на стариот мост на река Брегалница кој страдаше во поплавите минатата година во месец февруари. На негово место ќе биде изграден нов современ мост во должина од 100 метри и широчина од 8 метри, истакна Блаже Станков, градоначалник на општина Зрновци.

Финансиските средства за изградба на мостот од 45 милиони денари се обезбедени од ЕУ фондовите за санација на штети од поплавите имплементирани преку УНДП. Според Станков, мостот се очекува да биде завршен до средината на идната година.

Инаку, за жителите од Зрновци и неколку населени места од оваа општина и понатаму важат алтернативните патни правци преку Виница кон Кочани и преку Мородвис, Теранци и Облешево.

Т. Велкова

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 82%
Ветер: NNE при 9 kmh
Недела2°C/12°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 123 гости и нема членови


web counter



qr code