24.11.2016 Со благослов на митрополитот брегалнички Иларион, а во организација на членовите на здружението „Воскресение“ и со поддршка од свештениците од кочанскиот храм „Св. Вмч Ѓорѓи“ во градската библиотека „Искра“ во Кочани се одржа предавање од православен карактер. Истото е наменето за сите верници кои што сакаат да научат повеќе за верата и црквата.
Од организацијата велат дека потребата од вакви предавања се појавила кај самите верници од Кочани и околината.
- Вакви предавања ќе се организираат секој втор петок во градската библиотеката „Искра“ со почеток во 17,30 часот. Сите верници се добредојдени, а ако има промени во термините на одржување на предавањата верниците благовремено ќе бидат известени, рече Димитар Арсовски, ѓакон во храмот „Св. Вмч Ѓорѓи“ - Кочани.
Темата на првото предавање беше „Црквата како заедница на верниот народ“ во кое Арсовски го објасни поимот Црква и се што е важно еден верник да знае за неа.
Ѓаконот Арсовски додаде дека за секое наредно предавање верниците ќе бидат известувани тековно преку медиумите и социјалните мрежи.
Т. Велкова
©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.