Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

vesta zena201624.11.2016  Жените од Кочани се хумани. Тоа го покажаа на манифестацијата Етно вешта жена што по четврти пат се организираше во Кочани.

Припадничките на понежниот пол кои сами се пријавија за да ја покажат својата хуманост, подготвија разни кулинарски специјалитети што беа изложени на свечено украсена трпеза. Јадењето беше подготвено во етно стил. Од разни сукани баници, јадења од ориз до благи и солени етно специјалитети, баклави и алва. Традиционалните јадења беа на продажба.

Хуманоста се покажа на дело оти се што беше подготвено беше и продадено.Од годинава манифестацијата доби и регионален карактер. Учествуваа жени од Кочани и Македонска Каменица.

- Етно вешта жена има хуманитарен карактер и секогаш сме за подфдршка на децата со посебни потреби но на еден друг начин, со правење забава со тие деца, едно дружење со нив и содавање роденден на сите деца. Така ќе ја добиеме нивната насмевка што е и цел на оваа манифестација, рече Снежана Стојановска, организатор на Етно вешта жена.

Друга разлика од оваа година на Етно вешта жена е внесување на глумата во манифестацијата. Годинава за тоа беше задолжен познатиот лик од македонските народни приказни Влатко Дојчиновски.

Инаку, манифестацијата се одржува во 15 градови од Републикава од каде што ќе се изберат по пет јадења кои потоа ќе бидат објавени во заедничка брошура со стари традиционални рецепти.

Паричката на централната манифестација Етно вешта жена што се одржа во Марков манастир падна во Македонска Каменица така што догодина ќе се организира голем собир на вештите жени каде што се очекува присуство на над 2.500 жени.

Т. Велкова

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 141 гости и нема членови


web counter



qr code