Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

PROTEST vtora sansa28.11.2016  „Се додека се убиваат животни, ќе се убиваат и луѓе“, „Кој ќе одговара ако следната жртва е дете“, „И животните имаат чувства и право на живот“, „Од убиство на животни, до убиство на човек има само еден чекор“, „Правда за животните“ беа само дел од пораките што граѓаните и активистите од здруженијата за заштита на животните ги испратија до надлежните институции.

Излегоа на протест против насилството и изживувањето врз животните и случајот во Кочани со лицето Николчо што не се санкционира.

- Фрапирани сме од ова што се случува со толерирањето на вакво монструозно дело во градот Кочани. Затоа и решивме да го дигнеме гласот кога институциите затајуваат, кога граѓаните се изложени на психички притисоци и кога животните страдаат. Доколку овој протест не вроди со плод, се прашуваме што следи понатаму. Дали тоа ќе биде показател дека ова општество ги толерира таквите луѓе, а не води сметка за граѓаните врз кои има психолошка тортура со непроспиени ноќи, рече Климент Арнаудов од здружението „Анималиа“ од Охрид.

- Овој случај не треба да биде дијагностициран и анализиран од здруженијата за заштита на животни, туку од соодветните институции наменети за тоа. Еден злосторник од вакви размери и кон луѓе и кон животни истовремено, не смее, не може и нема да биде толериран, рече Ива Апостолска, од здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ - Скопје.

Здружението „Втора шанса“ од Кочани заедно со останатите здруженија за заштита на животните апелираа на преземање мерки од страна на институциите, полицијата, Општината, социјалните служби и да го спречат изживувањето со животните.

Т. Велкова

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 11 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 165 гости и нема членови


web counter



qr code