Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

titovisti 29 noemvri29.11.2016  Членовите на Здружението на граѓани “Јосип Броз Тито“ ја продолжија традицијата за одбележување значајни датуми од историјата на поранешната СФРЈ.

По повод нејзиниот роденден – 29 ноември се собраа пред седиштето на Здружението во Градскиот пазар каде со интонирање на југословенската химна одадоа почит на поранешните партизански борци и политичари кои во виорот на Втората светска војна ги поставиле темелите на заедничката држава.

Рекоа дека со гордост се потсетуваат на 73-годишнината од одржувањето на историското Второ заседание на АВНОЈ и формирањето на титова Југославија.

Според нив и постоењето на македонската независна држава денес е директно поврзано со формирањето на поранешната Федерација.

- Македонија е независна благодарејќи на Тито, бидејќи оваа Македонија е дел од југословенската федерација, како и сите останати републики кои потоа станаа држави, меѓу кои и Македонија, како самостојна и суверена република на Балканот. Наша желба е повторно да се обединиме и повторно да бидеме една силна и моќна Југославија, каква што беше порано и која беше ѕвезда водилка на Неврзаните во цел свет, рече Трајче Трендов, претседател на Здружението “Јосип Броз Тито“ - Кочани.

Титовистите од Кочани уште еднаш демантираа дека имаат некакви политички амбиции или пак поврзаност со политичките партии.

- Нашето здружение на граѓани “Јосип Броз Тито“ е самостојно и нема никакви допирни точки со политичката партија Титови леви сили. Демантираме секаква поврзаност со политичката партија, мислам дека таа партија е формирана со цел за исполнување лични интереси. Ние немаме никакви причини да бидеме во таа политичка партија, бидејќи кај нас во Здружението има членови од сите политички партии, рече Ѓорѓи Николов, член на Здружението “Јосип Броз Тито“ - Кочани.

Традиционално, со дефиле од возила накитени со македонски и југословенски знамиња, фотографии и други обележја на поранешната држава членовите на здружението поминаа по улиците во Кочани, а посетија и дел од населените места во регионот.

Т. Ајтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 13 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 205 гости и нема членови


web counter



qr code