01.12.2016 ВМРО-ДПМНЕ на вчерашниот митинг во Кочани доживеа невиден дебакл што повторно ќе се потврди на 11 декември, рече на прес-конференција претседателот на Општинската организација на СДСМ - Кочани, Сашко Костов.
- Пред почетокот на митингот младите ви испратија јасна порака на вас и на вашиот лидер Груевски дека не е достоен и не заслужува повеќе да биде присутен во ниту еден град во Република Македонија. Овој пат пораката беше испратена од Истокот, младината на Чешиново-Облешево го пречека со транспаренти кои носеа јасна порака дека не е добредојден. Да ве потсетиме господине Груевски, дека десет години бевте на власт и сега повторно сакате да манипулирате со оризопроизводителите, како што секогаш ветувавте а неисполнувавте тоа никогаш не беше радосна, туку реална тажна вест. Имавте шанса цели 10 години Кочани да го направите рај на белото злато. Касно е Никола, луѓето веќе ги препознаваат вашите блеф ветувања, бидејќи за жал ни „о“ од нивните остварувања. Зарем не сметате дека вашето „Реално” станува едно големо нереално општество исполнето со многу лаги, манипулации и криминал. Ние имаме план за живот во Република Македонија. Господине Груевски ние не сме Халкидики, ние сме празната Источна Македонија. И сега според вас господине Груевски, што е реално во Македонија? Што цела Источна Македонија лута надвор од границите, а вие упорно ни продавате чоколади а ние немаме ни за леб? Што за било каква работа во Република Македонија е потребна ваша партиска книшка, а не знаење, рече на прес конференцијата Костов.
Младите сакаат промени и реално разликите се огромни, заврши Костов.
Т. Велкова
©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.