Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

protest oblesevo102.12.2016  Жители на Облешево излегоа на протест поради уништувањето на цевките од постојниот водовод во населбата и поставувањето други на нивно место. Велат дека пред 12 години, тогашната Локална самоуправа изградила водоводна мрежа, но и покрај ветувањата, водоводот никогаш не профункционирал.

Сега низ населбата повторно се копа за да се постави друга инсталација што ќе биде поврзана на градскиот водовод од Кочани.

Облешевци се револтирани што се прават нови трошоци, иако во 2004 година од државниот и од општинскиот буџет се потрошиле околу 230 илјади евра за истата намена.

- Јас не знам како не се зема на одговорност, ни збор не се кажува дека ќе се земе на одговорност кој потпишал дека водоводот е во исправна состојба. Се сечеше лента, викнаа попови, од приватни лица земаа црева и хидрофор, пуштија вода во паркот да тече, сечеа ленти, правеа прослави, а ниеден час не работеше водоводот. Сега наново се копа, еве ги цевките, се се упропастува, а на одговорност не се зема никоја за оваа штета, рече жител на Облешево.

Жителите кои излегоа на протест рекоа дека со години чекаат да добијат пристојна инфраструктура и нормални услови за живот, но ветувањата за тоа до сега не се реализирале.

- Кој нејќе да има вода? Ние сите имаме бушотини со вода, имаме септички јами. Ниту имаме канализација, ниту водовод, во 21 век.... Зошто не профункционирал, а се дадени 14 милиони денари за тој ист водовод да профункционира? Улиците ни се ископани, оштетен е асфалтот, се мачиме да поминеме по нив кога ќе заврне дожд, ние веќе газиме во кал и тоа што го имавме го изгубивме, а постојниот водовод фактички е затрупан и парите се во земјата, рекоа жители на Облешево.

Во Локалната самоуправа на Чешиново-Облешево потврдуваат дека цевките од претходниот водовод што не профункционирал се вадат, а на нивно место се поставуваат нови. Причина за тоа било што недостасува техничката документација за тогаш реализираните градежни работи. Исто така, стручните испитувања покажале дека поради начинот на изведба и од поплавите во изминатиот период, постојната инсталација не одговарала на сегашниот проект за поврзување на градскиот водовод. Бил даден совет да се постави целосно нова мрежа, за во иднина да се спречат дефекти и оштетувања.

Инаку, Општина Чешиново-Облешево потпиша договор со Министерството за финансии за подзаем од Проектот за подобрување на општинските услуги. Средствата во висина од околу 20 милиони денари ќе се отплаќаат во наредните 13 години, при што е добиен грејс период од 3 години. Со нив треба да се реализира поврзувањето на населените места Облешево, Чифлик, Чешиново и Уларци на градскиот водовод од Кочани од каде треба да се обезбедат вкупно 10 литри вода во секунда.

Т. Ајтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 22 kmh
Четврток2°C/11°C
Петок3°C/12°C
Сабота2°C/11°C
Недела7°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 60 гости и нема членови


web counter



qr code