Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

janosevik206.12.2016  Нов успех на меѓународен план постигна младиот гимнастичар Антонио Јаношевиќ, член на КГС “Кочани“. На 7. меморијален турнир “Лаза Крстиќ и Марица Џелатовиќ“ што се одржа во Нови Сад, Република Србија, кочанскиот спортист го освои второто место и сребрениот медал.

Тој се натпреваруваше во повеќебој и со постигнатиот резултат се стекна со право на настап во финалето, при што на коњ со рачки беше 4-ти, на разбој го освои 5 место, а на вратило беше седмопласиран.

Резултатот е уште позначаен ако се знае дека конкуренцијата беше голема со оглед што учествуваа над 240 гимнастичари од Хрватска, Словенија, Србија, БиХ, Бугарија, Франција, Данска, Германија, Малта, Јордан, Романија, Унгарија и Јужна Африка.

Покрај Јаношевиќ, Македонија ја претставуваа и неговата клупска колешка Јана Николова и уште еден гимнастичар од Битола, кои поради силната конкуренција не успеаја да остварат повисок пласман.

Со одигрувањето на првото коло по турнирски систем, старутваше и првенството во Младинската ракометна лига на Академијата “Металург“ во источниот регион. Машката екипа на “Младинец“ од Кочани од генерацијата 2002/2003 на стартот забележа одличен успех, совладувајќи го домашниот тим “Брегалница“ со резултат 20:13. Женската екипа пак, во ова коло беше слободна, така што ќе го чека следниот круг за да го одигра првиот натпревар.

Покрај нашите ракометари, во лигата се натпреваруваат уште 5 екипи, меѓу кои и “Торо спорт“ од Виница. Виничани на стартот загубија од “Тиквеш“ до Кавадарци со 13:6, додека екипата од генерацијата 2004/2005 беше поуспешна од своите клупски колеги и ја победи “Брегалница“ со 10:4.

Следниот турнир во рамки на второ коло од ракометната лига Металург ќе се одигра во Макеоднкса Каменица.

Т. Ајтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/14°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-2°C/9°C
Недела-1°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 294 гости и нема членови


web counter



qr code