Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

stojance ljube ljubco kocani06.12.2016  Дојдовме во Кочани за да ви зборуваме за потребата од промени на сегашните состојби во државата, за да ја спасиме од пропаста што и се заканува, не само од политички, туку и од економски, социјален, демографски и секаков друг аспект.

Ова беше речено на трибината што во Кочани ја одржа коалицијата ВМРО за Македонија на која присуствуваа лидерите на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски, на Обединитети за Македонија, Љубе Бошковски и носителот на листата во ИЕ 3 и претседател на Достоинство, Стојанче Ангелов.

Во своето обраќање тој рече дека акцент во предизборната програма на Коалицијата е даден на економските прашања, но и на оние со социјален предзнак.

- Од социјалната сфера имаме еден многу интересен предлог за кој што жестоко ќе се бориме, веруваме дека ќе го протуркаме во Собрание – бесплатно лекување во странство за сите оние на кои тоа им е неопходно, бидејќи не сакаме повеќе да видиме ниту еден оглас во кој некое болно дете или кој било, некој болен човек, без разлика на возраста или полот, како бара донации за да се лекува во странство, рече Стојанче Ангелов, носител на кандидатска листа во Изборна единица 3.

Претседателот на Обединети за Македонија рече дека во последните неколку години државата назадува затоа што во неа владее режим, споредувајќи го со истиот во поранешната заедничка држава и периодот кога се стекнувала независноста.

- Тогаш Македонија требаше да ја извлечеме од Југославија, од еден тоталитарен режим, а денес од еден друг режим кој исто така не е по ништо различен од комунистичкиот. Затоа што ние знаеме дека низ историјата барем во 50-60 години на европското тло овие постојат два тоталитарни режими, едниот беше комунистички, а другиот фашистички. Ние сакаме да укажеме дека ниеден режим не може долго да опстои, но најстрашно за нас, за вмровците е што тоа за жал денес го има предзнакот на големото ВМРО, на ВМРО-ДПМНЕ, рече Љубе Бошковски, претседател на Обединети за Македонија.

Лидерот на ВМРО-Народна рече дека во програмата се предвидени повеќе мерки за враќање на економската сигурност на граѓаните, а една од најважните е задржување на младите во населените места, за што посебно внимание се обрнува на селата, кои според него треба да добијат статус на општини со што државата ќе се децентрализира.

- Тотална децентрализација, прво ќе ги децентрализираме селата од градовите мали, а потоа цела Македонија ќе ја децентрализираме од Скопје. Срамота е денеска цела Македонија работи само Скопје да се гради, тоа е недозволиво и ние во нашите 4 години ќе ставиме забрана, едно евро од буџетот на Македонија да не се потроши за Скопје, тие се доволно голем град, можат сами да растат, сами да се развиваат. Јас ве уверувам дека тоа клучот да го вратиме животот во нашите села, инаку ве уверувам, оваа запустеност што ја гледаме во Источна Македонија уште повеќе ќе се зголемува ако на луѓето не им направиме да им биде интересно, и економски, и демократски и од било која сфера на животот, рече Љубчо Георгиевски, претседател на ВМРО-Народна партија.

Георгиевски порача дека искуството што тие го стекнале додека работеле во поранешната Влада е гаранција за успешно спроведување на зацртаните мерки во предизборната програма, поради што ги повика граѓаните без страв да ја дадат поддршката за коалицијата ВМРО за Македонија.

Т. Ајтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 13 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 214 гости и нема членови


web counter



qr code