Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

pres sasko kostov1107.12.2016  На неколку денови пред изборите паниката и стравот што ја зафатиле владејачката ВМРО-ДПМНЕ, во очај се прави грубо кршење на сите предизборни правила.

Ова на прес конференција го истакна претеедателот на општинската организација на СДСМ од Кочани и кандидат за пратеник во ИЕ 3, Сашко Костов, обвинувајќи ги локалните функционери дека ја злоупотребуваат власта за да агитираат, да водат кампања и да ги залажуваат граѓаните.

- Иако со закон е забрането за време на кампања и по распишани избори да има нови вработувања, во нашата Општина се делат решенија како во приватна фирма на ВМРО-ДПМНЕ. Од 1 декември во нашата Општина нововработени се двајца пожарникари, еден хигиеничар, еден возач и двајца општи работници. Со вториот пример може да се забележи како на различни локации низ градот и општината се асфалтираат улици и се ставаат рабници, се поплочуваат тротоари, се со цел предизборно да ве залажат вас почитувани граѓани, небаре многу се грижат за вас и вашите потреби. И третиот и можеби најеклатантен пример за злоупотреба на власта од страна на ВМРО-ДПМНЕ е како вработени во Општина Кочани за време на работа агитираат заедно со Спиро Ристовски низ општината. Сите тие луѓе кои ќе ги видите на фотографиите во прилог се на витални позиции во Општина Кочани. Би сакал да прашам кој ги извршува нивните работни задачи и обврски за кои се платени со народни пари, односно со пари до сите вас. Значи, лицето Јоцо Гицов близок човек на градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Ратко Димитровски, се заканува во ромски семејства и места каде живеат социјално ранливи категории на луѓе, дека после 11 декември ќе има рушење на куќи кои не се легализирани ако не гласаат за ДПМНЕ, рече Сашко Костов, кандидат за пратеник од коалицијата За живот во Македонија.

Костов се осврна и на изјавата на градоначалникот Димитровски дека тој работи 24 часа, а во врска со неговото признание оти во текот на работното време е ангажиран во кампањата на владејачката партија.

- Надвор од сите правила, законски прописи и процедури сакаме да го прашаме, иако ги повредува сите тие работи, дали тој е супермен па работи 24/7 и како воопшто не спие, додаде Костов.

На крајот од обраќањето Костов порача дека е доста од залажувањето што го прави власта врз граѓаните и ги повика гласачите на 11 декември да гласаат за коалицијата предводена од СДСМ со што ќе се стави крај на манипулациите.

Т. Ајтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток2°C/15°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 83 гости и нема членови


web counter



qr code