07.12.2016 Болеста напредува и се проширува и на рацете. Се организираат хуманитарни концерти и забави, а парите никако да се соберат во целост.
Методи Митев од Кочани повторно со апел до хуманите граѓани на 10 декември сабота масовно да присуствуваат на забавата што за негова помош ќе се организира во ресторанот “Престиж“.
-Сакам да дадам уште еден апел до сите хумани граѓани на Кочани да ми помогнат да ги соберам потребните пари за операција во Кина. Многу тешко ми оди со собирањето па затоа за мене ќе се организира уште една хуманитарна забава во ресторан “Престиж“. За забавата ќе се погрижат „Театро Бенд“, „Коко Бенд“ и „А Позитив“. Влезот ќе биде слободен само ќе има покачување на цената на пијалоците. Досега имам собрано 15 илјади евра, а ми се потребни 28.000 евра, рече Методи Митев.
Митев боледува од хередитарна параплегија која му ги блокира нозете и му оневозможува да се движи. Лекарите од Кина му ја дават последната надеж да застане на нозе со операција за која му се потребни 28.000 евра. Затоа му е потребна поголема финансиска поддршка од хуманите граѓани да му помогнат.
Т. Велкова
©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.