Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Kocani rezultati izbori 201612.12.2016  Дваесетина илјади гласови повеќе во Изборната единица број 3 освои коалицијата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ во споредба со коалицијата на СДСМ.

Податоците што по пребројувањето на гласовите првично ги објави ДИК покажуваат дека 102.832 гласачи довербата ја дале на коалицијата “За подобра Македонија“, додека за опозициската “За живот во Македонија“ гласале 81.209 гласачи. Со тоа ВМРО и коалиционите партнери во оваа изборна единица ќе имаат 11, а СДСМ 9 пратеници.

Останатите гласови ги добија останатоите коалициии и партии од кои позначаен број има за коалцијата ВМРО за Македонија – 6.700, што сепак не беше доволно за пратеничко место.

Излезноста на гласачите во “тројката“ била голема и се движи над 72,7 отсто.

Во однос на гласањето по општини, во кочанскиот регион нема големи отстапувања од резултатите на ниво на целата изборна единица. Во Кочани исто така поголем број гласови, 10.792 освои коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, додека опозициската коалиција на СДСМ има 9.731 глас. Тоа значи дека разликата меѓу нив е нешто повеќе од 1.000 гласа, точно толку колку што заедно освоија останатите две помали коалиции и Левица и Либералната партија.

Во текот на изборниот ден гласаа и кандидатите за пратеници од Кочани предложени од двете коалиции, при што ги пренесоа своите очекувања и впечатоци од текот на изборите.

- Очекувањата се позитивни, имајќи го предвид она што се случуваше вчера со гласањето во дијаспората и фактот дека досега загарантираните три пратенички места ВМРО-ДПМНЕ повеќе ги немаат во игра, сметам дека тоа ќе се рефлектира и во Република Македонија, односно гласачите кои живеат во нашата држава, рече Сашко Костов, кандидат за пратеник од коалицијата на СДСМ

- Денес е изборен ден, празник и за граѓаните и за демократијата, очекувам еден убав, мирен избирачки ден, очекувам изборите да бидат фер и демократски, рече Иван Иванов, кандидат за пратеник од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, според пресметките и Костов и Иванов ќе седнат во пратеничките клупи во наредниот парламентарен состав.

Граѓаните со свои размислувања во врска со изборните резултати и очекувањата од нив.

- Изборите беа регуларни, јас мислам, немаше никакви проблеми, беше се во ред, посебно во нашето место каде што јас сум гласач. Во однос на влада, за формирање ќе нема доволно, ќе мора коалиција со некоја од партиите, ама изгледа тешка работа ќе биде... Надежта секогаш е присутна и се надеваме дека на подобро ќе биде. Вработување, повеќето рекоа и во кампањата дека ќе има, а колку ќе се оствари ќе видиме. Ако се оствари и 50 отсто пак ќе биде добро, оти малку веруваме во сето тоа што се ветуваше... Па, очекуваме дека нешто можеби ќе се подобри, нормален живот за сите, рекоа анкетираните граѓани.

Инаку, во општина Чешиново-Облешево, со над 77 отсто, имаше најголема излезност во Изборната единица број 3. Таму коалицијата “За подобра Македонија“ со освоени 2.431 глас е во предност од 900 гласа во однос на коалицијата на СДСМ, додека во Зрновци разликата е нешто помала, односно на ВМРО-ДПМНЕ довербата му ја дале 1.034 гласачи, а на СДСМ 477.

Т. Ајтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток2°C/15°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 109 гости и нема членови


web counter



qr code