12.12.2016 62,9% е излезноста на виничани на предвремените парламентарни избори или во бројки, од запишани 17.082 лица со право на глас, 10.737 го оствариле своето гласачко право изјаснувајќи се по свое лично убедување.
Синоќа до доцните вечерни часови Општинската изборна комисија, сумирајќи ги резултатите, излезе со следниве бројки:
- ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освои 5.847 гласови, ДПА - 28, ДУИ - 13, СДСМ и коалицијата освои 3.913, Коалицијата за промени и правда - 96, Либерна партија - 25 гласа, ВМРО за Македонија - 268, Левица - 48 гласа, рече Ацо Ѓорѓиев, претседател на ОИК во Виница.
Сумирањето на резултатите го следеа претставници од политичките партии, домашни набљудувачи, како и претставници од ОБСЕ/ОДИХР. Генерална оценка на крајот од изборниот процес за Виница е дека изборите поминаа во мирна, фер и демократска атмосфера.
Т. Велкова
©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.