Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

antov krstov planinari14.12.2016  И покрај скромниот буџет, членовите на ПСД “Осогово“ се меѓу најактивните во Македонија и успешно ја завршуваат календарската 2016 година.

Притоа планираните активности максимално се исполнети, а имаше и забележливи резултати во освојувањето на планинските врвови во земјата и странство.

Ова меѓу другото е истакнато на редовното годишно собрание на друштвото, на кое беше разгледан финансискиот извештај за изминатата 2016 година, како и степенот на реализација на зацртаните активности.

Во вториот дел на состанокот беа избрани и нови органи на клубот, со оглед на фактот дека на постојното раководство му завршува мандатот. Присутните членови избраа нов Извршен и Надзорен одбор. За нов претседател едногласно довербата му е дадена на Тошо Антов, кој доаѓа на местото на досегашниот Александар Крстов. За секретар на кочанските планинари е реизбрана Марија Танчева, а претседател на Надзорниот одбор во наредните 4 години ќе биде Сашко Стефановски.

Новоизбраниот претседател даде ветување дека ќе се залага за организирање на повеќе активности и збогатување на програмата на клубот, со што уште повеќе ќе го промовира планинарскиот спорт и градот Кочани. Токму поради големите успеси во планинарењето, беше донесена и одлука ПСД „Осогово“ да конкурира за најдобар спортски клуб на годината, што како избор традиционално го организира Општина Кочани.

Инаку, од позначајните активности на друштвото во текот на 2016 година заслужува да се издвојат искачувањето на врвот Елбрус на планината Кавказ во Русија кој со своите 5642 метри е највисок планински врв во Европа. Потоа искачувањето на Мон Блан на Алпите, искачувањето на врвот Мусала на планината Рила, како и освојувањето на највисоките врвови на планината Пирин и искачувањето на Боботов Кук на планината Дурмитор во Црна Гора.

Исто така, планинарите на ПСД “Осогово“ учествуваа на сите поважни планинарски акции и манифестации во Република Македонија, го спроведоа и проектот за маркација на 5 планинарски патеки на Осоговските Планини, а организираа и повеќе едукативни работилници за ученици.

Т. Ајтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/14°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-2°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 117 гости и нема членови


web counter



qr code