Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

izbori glasanje14.12.2016  Се уште не завршиле изборните активности од предвремените парламентарни избори, а раководствата и членствата на партиите веќе треба да размислуваат за ново гласање.

Без разлика дали ќе има одбивање или прифаќање на поднесените приговори до ДИК и прегласувања на одредени гласачки места, за неколку месеци на ред доаѓаат локалните избори.

Засега, извесно е дека треба да бидат распишани во март, а да се одржат на крајот на април, односно на почетокот на мај идната година.

Мандатите на сегашните градоначалници и на членовите на општинските Совети имаат важност уште неколку месеци, по што на нивно место ќе треба да седнат други избраници на народот.

Тоа значи дека слично како што беше во изминатиот месец, граѓаните повторно ќе слушаат ветувања за изградба на нови патишта, проекти за подобрување на животот во сите области, привлекување странски инвестиции, отворање нови фабрики и вработувње, без да се спомене дека тоа е за плати двојно помали од просечната. Ќе ги има и вообичаените гаранции дека во мандатот што ќе го добијат локалните функционери ќе работат на уредување на паркчиња, тротоари, улички, фонтани и слично. Притоа, како да се заборава дека сето тоа е дел од вообичаените и редовни работни задачи што ги имаат и за што добиваат солидни финансиски надоместоци.

Контиунуитет во работата ќе имаат партиите кои ќе продолжат со шетањето на терен, правдајќи се дека сакаат да го слушнат мислењето на граѓаните, по што нивните барања ќе ги вметнат во обемните програмски задачи. Убедувањето на гласачите за тоа чија предизборна програма е подобра ќе биде карактеристика за деновите веднаш по новогодишните празнувања, со надеж дека пролетта ќе им донесе нови успеси.

А граѓаните веќе навикнаа секоја година да има избори, така што излегувањето на гласачките места веќе им стана рутина, понекогаш и недоволно свесни дека за партиските моќници тие одамна се само бројки за политички калкулации.

T. Ajтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 13 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 148 гости и нема членови


web counter



qr code