Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Vodostopanstvo15.12.2016  АД Водостопанство на Република Македонија - Скопје, Подружница „Брегалница“ - Кочани започна со доставата на фактурите за наплата на воден надоместок за наводнителната сезона во 2016 година, за водокорисниците од подрачјето на дејствување на ХМС „Брегалница“.

- По основ на искористена вода од Хидросистемот Брегалница во оваа наводнителна сезона од земјоделците и правните субјекти од подрачјето на Виница, Кочани, Штип и Свети Николе имаме побарување од околу 58 милиони денари, средства кои во овој момент ни се неопходни за поправка на одделни делници од мрежата на системот за наводнување посебно од десниот магистрален канал кој поминува низ овие четири општини, рече Николчо Гоцев, директор на Водостопанство „Брегалница“ - Кочани.

Воедно, сите водокорисници кои имаат извршено промена на сопственоста на своите површини, а ги немаат решено имотно правните односи над сопственоста на земјоделското земјиште кое го обработуваат, како и корисниците на државно земјоделско земјиште потребно е истите да ги пријават и да извршат увид во евиденцијата на парцелите. Сето ова е со цел да се уточни евиденцијата на парцелите и водокорисниците да не трпат последици, истакнува Гоцев.

Водостопанство „Брегалница“ од Кочани деновиве го донесе годишниот план за наводнување на земјоделски површини за наредната наводнителна сезона 2017 година, според кој ќе се наводнуваат вкупно 10.000 ха, што е за 500 ха повеќе во споредба со оваа година. Во планот за наводнување наредната година доминираат житните култури на над 8.500 ха од кои оризот на површина од 5.200 ха.

Т. Ајтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 168 гости и нема членови


web counter



qr code