Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

dvoen most gimnazija16.12.2016  Планираниот кружен тек на местото на двојниот мост кај Гимназијата, како идеја за решавање на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје на Кочани, ќе се реализира во наредниот период.

Замислата на локалната власт таквотo сообраќајно решение да стане реалност е влезено во почетна процедура.

Дополнително што на неодамна завршeните буџетски форумски сесии тој проект, како најприоритетен, доби најмногу бодови од присутните граѓани.

Ваквиот инфраструктурен зафат од Општината го оправдуваа и со позитивните искуства што се покажале по изведбата на кружниот тек кај Полициската станица, каде семафорите и другата сигнализација се замениле со поефикасно решение.

Со оглед на веќе завршената техничка документација, желба на актуелната општинска администрација е изведбата на кружниот тек да започне наредната година, поради што се предлага да влезе во планирањата на општинскиот буџет за 2017 година. Сепак, диелема е од каде ќе се изнајдат близу 700 илјади евра за успешна изведба на целиот проект. Такво прашање беше поставено на расправата за Нацрт-буџетот на Општината за догодина што се одржа по завршувањето на редовната седница на Советот.

- Значи, приоритет на форумските сесии, сепак, беше кружниот тек. Меѓутоа, разгледувајќи ги приходите и расходите на Општината, каде што господинот Рашков ни ги презентираше таму, јас добив впечаток дека средтвата не се доволни за обемот кој што овој зафат ги бара, и сега ќе барам во нацрт-предлогот на Буџетот да се стави акцент на тоа, особено што знаеме дека кога се работи за определена програма, колку Буџетот ќе може тоа финансиски да го издржи, бидејќи за волја на вистината ќе кажам дека станува збор за сума од 42 милиони денари, рече Лилјана Арсова, член на Советот на Општина Кочани.

Со оглед што просечниот едногодишен Буџет со кој располага локалната општинска власт ни приближно не е доволен за да се покријат трошоците за изградба на кружниот тек, се јавува дилемата од каде ќе се најдат толку пари и дали Локалната самоуправа ќе влезе во ново кредитно задолжување.

Ако се има предвид дека жителите на Општина Кочани во наредните години веќе имаат за враќање кредит од 1 милион евра за јавното осветлување, но и уште 600 илјади евра кредит за реконструкцијатана водоводна мрежа од средна зона во градот, тогаш прашање е како тоа ќе се одрази на ликвидноста на општинската сметка во идните градоначалнички мандати?

Т. Ајтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: NNE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 180 гости и нема членови


web counter



qr code