Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Traktor-Nesreka-4

04.06.2013  Со закани за судски тужби се соочуваат родителите од Грдовци чии деца беа тешко повредени при превртувањето на тракторот, што се случи на први мај кај Оризари.

И покрај тоа што држaвата вети дека целосно ќе ги покрие трошоците за болничкото лекување, нивните татковци и мајки на домашна адреса добиле предупредувања од болниците дека должат пари. Тоа ги револтира родителите кои велат дека не се финансиски моќни да го платат лекувањето, а во целиот случај некој си поигрува со нив.

- Тоа го изјави министерот за здравство, дека трошоците ќе ги покрие државата, а тоа не е точно, тоа е лага. Тука имаме еден братучед, еден роднина, тој си ја продаде кравата за да си ги покрие трошоците за децата, рече Зоранчо Иванов, родител на повредени деца.

Иванов вели дека ќе мора да позајмува за да се раздолжи. Од скопскиот Клинички центар, каде што се лекуваа неговите две деца, му рекле дека ако наскоро не плати, тие по судски пат од него ќе си го наплатат долгот. Сумата што му ја бараат, за неговиот домашен буџет како земјоделец не е мала.

- Можеби преку 30.000 денари со превоз и се што треба, можеби и повеќе да сум потрошил. Јас си го продадов коњот за да одам тие денови кај дечињата. Братучедот си продаде крава 900 евра, еве сега во Скопје е отиде на контрола и ги одведе. Не знае колку ќе плати, за едното дете му барале 200 евра, а за другото дете уште не му кажале, сега таму е во болница, ги одведе децата на контрола, вели Иванов.

И покрај големите долгови, Иванов вели дека е среќен што децата му се живи и закрепнуваат. За несреќата не сака да го обвинува возачот на тракторот, затоа што смета дека бил чесен и скромен човек. Според него превртувањето на возилото е резултат на сплет на несреќни околности, а не поради алкохолизираност на трактористот.

- Тоа е греота за оној што ќе се спомне дека човекот е виновен. Не тоа нема врска. Тој со добра намера отиде со дечињата да си го тераат, да си го прослават мај, ама тоа се случи, вели Иванов.

При превртувањето на тракторот кај Оризари загинаа возачот Миле Давитковски и неговата сопруга, а потешко повредени беа 15 деца од Грдовци, при што неколку недели се лекуваа на клиниките во Скопје.

Т. Ајтовски

Сподели

Traktor-Nesreka-1Traktor-NesrekaTraktor-Nesreka-2Traktor-Nesreka-3Traktor-Nesreka-5

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 86 гости и нема членови


web counter



qr code