Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

najdobro istok19.12.2016  По трет пат откако во 2014 година беше востановено како практика, новинарите од регионалниот центар Исток, во рамките на ЗНМ ги одбраа најдобрите репрезенти на регионот во повеќе области.

За менаџер на 2016 година е избран Николајчо Николов, заменик генерален директор во рудникот за бакар „Бучим“ кај Радовиш i претседател на Македонската рударска асоцијација. 

Најдобар стопански колектив е печатницата „Европа 92“ – Кочани, а за најдобар работник е прогласен најдобриот рудар во рудникот „Саса“ od Македонска Каменицa. Признанието пријател на источниот регион го доби Амбасадата на Соединетите Американски држави во Република Македонија, a во областа на здравството за најдобри се прогласени лекарите Сашко Николов и Марјан Јовев од ангиографското одделение во штипската болница за нивниот подвиг да започнат оперативи зафати за т.н. стентирање при кардиоваскуларни заболувања.

За најдбро во туризмот признанието му е доделено на познатиот туристички бренд, хотелот „Манастир“ во Берово, а приматот за хуманост го доби швајцарската фирма „Албиро“ во Делчево, која донираше 5.000 евра за набавка на ново возило за потребите на Дневниот центар за деца со посебни потреби во Делчево.

Признанието најдобар наставник го понесе Соња Даниловска од Пробиштип, а кај невладиниот сектор добитник е Ротари клубот Кочани-Виница за бројните донации во двете општини.

Во спортот признанието „Најдоброто од Истокот 2016“ му припадна на планинарското друштво „Осогово“ од Кочани чии членови го освоија највисокиот европски планински врв Елбрус на Кавказ, а беа и иницијатори за формирање и извиднички одред во Кочани.

За најдобар во книжевноста признанието му е доделено на афористичарот Миле Ѓоргијоски од Делчево, а во областа на културата добитник е мандолинскиот оркестар „Свети Николај“ од Свети Николе. Посебно признание новинарите му доделија на првиот македонски кардиохирург Жан Митрев за воведувањето на кардиохирургијата во Македонија.

За новинар-репортер на годината е избрана колешката Даниела Такева од Делчево, а најдобар новинар-истражувач на годината е Горан Лефков од Кочани, ангажиран во новинарскиот истражувачки центар СКУП.

Наградите на добитниците ќе им бидат врачени на свеченоста наречена „Ноќ на источните Оскари“, што традиционално новинарите од источниот регион ја организираат последниот петок во месец февруари во некој од уостителските објекти во регионот.

T. Ајтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 82%
Ветер: NNE при 9 kmh
Недела2°C/12°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 107 гости и нема членови


web counter



qr code