Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

trgovski kafici19.12.2016  Изнајмените јавно-прометни површини пред угостителските објекти во центарот на Кочани не можат да се користат во зимскиот период, и покрај тоа што нивните сопственици плаќаат соодветна такса за тоа.

Ниските температури на т.н. тераси не им овозможуваат пријатен престој на посетителите на објектите, поради што угоистителите бараат Општината да им дозволи да постават привремени прегради за да се обезбеди некаква заштита од студот.

Нивните барања како заеднички став беа пренесени и на последната седница на Советот, со цел како точка на дневниот ред да се најдат на разгледување и да добијат позитивен одговор.

- Тоа би било времено поставување на таков вид ограда, по примерот на другите околни градови или во главниот град Скопје, на јавно-прометната површина се поставува ограда со цел дел од топлината да биде зачувана во делот на јавно-прометната површина што ја плаќаат кон Општината. Поради тоа, барам да биде ставена како точка на дневен ред на која што ќе може и од страна на стручните служби да ни биде образложено која е правната постапка за донесување на една ваква одлука или одобрение за правните субјекти кои што ги користат овие јавно-прометни површини, рече Ѓорѓи Алексов, член на Советот на Општина Кочани.

Според одговорните во општинската админситрација можноста за носење таква одлука била ограничена поради сооветните законски процедури.

- За да дојде до можност за донесување такви одлуки пред се треба да се донесе програма за поставување времени објекти и урбана опрема. Таа се планира и изработува долгорочно од страна на специјална лиценцирана проектантска фирма и да се добие согласност од страна на Министерството за транспорт и врски, па дури тогаш да можат да се издаваат одобренија за поставување урбана опрема. Така, ценам дека во овој момент ниту можеме да расправаме, ниту можеме некои одлуки да донесеме, се додека не се донесе таква програма, рече Петар Апостолов, секретар на Општина Кочани.

Апостолов додаде дека Општината избегнувала да издава такви одобренија, затоа што практиката покажала дека во времените објекти се вршеле и стопански дејности за кои немало согласност, а Законот предвидувал дозволата да се издава само за сувенирници и цвеќарници.

- Ние, да бидеме искрени, и сега имаме оградено дел до кафичите со иста таква опрема, прашањето е дали можеме да ги ставиме во една рамка со одобрување од страна на Општината, за нивните сопственици да бидат поспокојни дека утре некој нема да дојде и да ги тргне, рече Ѓорѓи Алексов, член на Советот на Општина Кочани.

- Вие можете, секако, како Совет можете да донесете одлука и да расправате како точка од дневниот ред, меѓутоа секоја одлука или заклучок што ќе го донесете спротивно на оваа процедура ќе биде противзаконска, рече Петар Апостолов, секретар на Општина Кочани.

- Значи, предлогот не е противзаконски, туку ова е дел од нашите ингеренции и како советници имаме право даваме предлози, сугестии, се со цел за подобрување на услугите и квалитетот на живеење на сите граѓани во општина Кочани. Од тој аспект, барам мојот предлог да биде ставен на гласање и сите едногласно да го поддржиме, рече Ѓорѓи Алексов, член на Советот на Општина Кочани.

Барањето на Алексов не наиде на едногласна поддршка од членовите на Советот и со 9 гласови “за“ не го доби потребното мнозинство од присутните.

Т. Ајтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 82%
Ветер: NNE при 9 kmh
Недела2°C/12°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 118 гости и нема членови


web counter



qr code