Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

prevoz ucenici avtobus20.12.2016  Префрлање од една на друга ставка и кратење на средствата за одредени редовни трошоци во работењето на образовните установи ќе прави Локалната самоуправа на Кочани за да си го покрие долгот кон превозникот кој го обезбедува бесплатното возење на учениците од нашата и соседните општини кои се школуваат овде.

На таков начин сака да ја пополнува огромната финансиска дупка што се отвори во последните неколку години и чие проширување, според неофицијални сознанија, веќе стигна до негатива од околу 1 милион евра.

Со последната одлука што по барање на општинската администрациоја ја аминуваше Советот, ќе се кратат ставките во средното образование што се однесуваат на плати на други вработени, основни придонеси за ПИОМ, за електрична енергија, течни горива, канцелариски материјал, како и за одржување на згради и објавување огласи. Обезбедените пари од овие скратувања ќе се префрлат за покривање на долгот за превоз, што на последната седница на меѓу советниците предизвика дилема дали тоа ќе биде доволно.

- Кога сето тоа се минусира од другите ставки, останува цифра од 2 милиони 140 илјади денари. Имам две прашања овде. Дали во ставките каде што се прави минусно салдо нема да се јави недостаток на средства што ќе се префрлат во 2017 година, и со оваа ставка од 2 милиони и нешто, колку всушност се намалуваат долговите за наредната 2017 година, рече Лилјана Арсова, член на Советот на Општина Кочани.

Дополнително, Арсова рече дека дилема е и дали со кратењето на давачките за одредени намени нема да се направи нарушување на функционирањето на образовните институции.

Од општинската администрација рекоа дека направиле пресметки дека пренамената на средствата била оправдана.

- Во секоја ставка е направена пресметка и средствата што се испланирани ќе бидат доволни за до крајот на годината. Во електрична енергија, течни горива, канцелариски материјали, одржување на згради и објавување на огласи има намалување и при увидот на обврските што ги имаат средните училишта е констатирано дека на овие ставки нема да има обврски спрема добавувачите. И целиот износ каде се врши намалување на ставка, од законски дозволената 20% и проширување за 700 илјади денари, доаѓаме до износ на средства што останува како салдо од претходниот месец и износот на материјалните трошоци добиени како дотација од надлежното министерство, рече Дејан Рашков од Секторот за финансии на Општина Кочани.

Со ова проширување и пренамена на средства за првпат во Буџетот на Општина Кочани ќе биле издвоени околу 16 милиони денари за подмирување на обврските за превоз. Со тие пари ќе се покриеле торшоците за тековната година, а ќе се постигнело и намалување на веќе достасаните обврски од претходните години за 1 милион денари.

Сепак, тоа се минимални средства за отплаќање на долгот за превоз што неофицијално се движи околу 60 милиони денари.

Т. Ајтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/13°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-3°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 116 гости и нема членови


web counter



qr code