Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

reka voda21.12.2016  За подобрување на земјоделските потенцијали, а со цел да се обезбедат потребните количини вода за наводнување на земјоделските површини во регионот, се планира да се изградат 9 водозафати на реките кои се на подрачјето на хидросистемот “Брегалница“.

АД Водостопанство распиша тендер за изработка на основен проект за инфраструктура и проект со вклучена ревизија, за што ќе вложи околу 1 милион и 800 илјади денари.

Со парите треба да се добие технички елаборат за геотехнички истражни работи на секоја предвидена локација, како и да се избере точната микролокација каде ќе бидат изградени објектите.

Од водостопанската подружница “Брегалница“ - Кочани очекуваат позитивни ефекти од практичната реализација на целиот проект.

- Овие водозафатни градби се за зафаќање на проточната вода и се на четирите реки кои се на територијата на подружница Брегалница, тоа се Злетовска, Кочанска, Оризарска и реката Брегалница. Со овие зафати, иако се попримитивни, сепак се многу понапредни отколку со овие што ги зафаќаме, таканаречени земјени бентови. Ова претставува еден бетонски праг којшто ќе биде на располагање со даски за зафаќање вода и каде таа ќе може да се пренасочува на потребните површини, рече Николчо Гоцев, директор на водостопанска подружница “Брегалница“ - Кочани.

Според јавниот повик на тендерот, фирмата што ќе биде избрана како најповолен понудувач ќе треба во период од околу 4 месеци да го изработи основниот технички проект, што ќе биде основа за понатамошна практична реализација.

- За оваа сезона ќе бидеме задоволни проектите да бидат изработени. Најпрво одиме на проекти, па потоа ќе дојде распишување на тендерот за изведба, додава Гоцев.

Во техничката документација на тендерската постапка е предвидено водозафатите да бидат изградени на Злетовска Река под мостот каде поминува железничката линија, на Оризарска и Кочанска Река на вливот во Брегалница, како и уште 6 зафати на самата река Брегалница кај месностите Ормански, Зрновски и Прибачевски Јаз, потоа во близина на мостовите кај Виница и Грдовци, и кај месностите Слатина, Оризарска Лака и Шакирски Јаз.

Средствата за реализација на договорот за јавна набавка кој е предмет на оваа постапка се обезбедени од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2016 година.

Т. Ајтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NNE при 13 kmh
Недела2°C/11°C
Понеделник-3°C/7°C
Вторник0°C/9°C
Среда2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 164 гости и нема членови


web counter



qr code