Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ortopedski pomagala23.12.2016  Граѓаните кои во текот на 2017 година ќе имаат потреба да набават ортопедски помагала, ќе можат да поднесат барање до Општина Кочани за од Буџетот да добијат финансиска помош, доколку Фондот за здравствено осигурување не е во можност да ги покрие трошоците за набавка.

Освен тоа и децата на предучилишна возраст кои живеат во социјално загрозени семејства ќе добијат бесплатно згрижување во градинките доколку нивните родители го побараат тоа.

Овие се двете ставки што се воведуваат како новина за идната година во рамки на Програмата за социјална и детска заштита на Локалната самоуправа. За нив од буџетската сметка ќе се издвојат 220 илјади денари, но во исто време се скратуваат одделни суми што со истата програма биле предвидени во изминатите години. Тоа пред се се однесува на помошта за купување автобуски билети каде има намалување за 20 илјади денари и кај помошта за социјален пакет за секое новородено дете за 130 илјади денари.

Таквите промени беа и причина за дилеми кај советниците зошто се прави намалувањето и дали не може да се задржат истите суми.

- Дали од овие средства што се скратени кај овие активности ќе се финансираат новите активности што се превидени во оваа Програма. Доколку е така, предлагам би сакала да дадам предлог програмите што се предвидени да останат со истите суми од лани, а за новите поместувања да се обезбедат дополнителни средства од Буџетот на Општина Кочани, рече Александра Ѓорѓиевска, член на Советот на Општина Кочани.

Од општинската администрација потврдија дека има намалување на одделни ставки, но тоа немало негативно да се одрази на исполнувањето на планираните активности во Програмата за социјална и детска заштита.

- Од проекциите што се направени во текот на една година е забележано дека и за лекови и за автобуски билети, средствата кои што се намалени, стигнуваат. Пред тоа ни имаат останувано средства, се работи по правилници, тоа го знаете, лековите се доделуваат на 6 месеци, автобуските билети на 3 месеци и никој кој ги исполнувал условите не останал да не добие услуга. Овие два вида помош се додадени за да ја збогатиме услугата во делот на социјалната заштита. А она што го рековте, дека има највеќе намалување кај пакетите, ова ни беше новина и направивме некаде на 100 пакети, но немаше оваа година толку и затоа е направено тоа намалување, рече Аника Илијевска Ѓоргиева од тоза јавни дејности на Општина Кочани.

Ваквото образложение беше прифатено со уште едно дополнување на предлогот од советничката Ѓоргиевска која побара пренамена на парите што остануваат од социјалните пакети за новореднчињата.

- Значи со оваа проекција што е предвидено овде или 120 илјади денари, помошта е во вкупен износ од 2.500 денари. Значи кога тоа ќе се подели, останува помош за 48 фамилии, односно за 48 бебиња. Помош во социјален пакет за новородено дете да не бидат само за социјално загрозените семејства, туку за секое новородено дете во Општина Кочани, рече Александра Ѓорѓиевска, член на Советот на Општина Кочани.

Ваквиот предлог не беше поддржан од мнозинството во Советот, така што Програмата се прифати според претходно предложените ставки. Тоа значи дека освен помошта за набавка на ортопедски помагала, во 2017 година бесплатно згрижување во градинките, освен децата од ромска етничка припадност, ќе добијат сите оние кои припаѓаат на социјално ранливите категории.

За начинот и критериумот на распределба на помошта дополнително ќе бидат изработени правилници.

T. Aјтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

 

ПРОСТА И СТРОГА МАКЕДОНСКА ПЕСНА - 100 г. од раѓањето на Блаже Конески
__ ЗАГАДЕНОСТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ __ EAQI - European Air Quality Index е мерка која прави сума на сите измерени вредности од сензорите на државната мерна станица на ул. „Глигор Апостолов - Гочо“ во дворот на СОУ “Љупчо Сантов“. Покажува загаденост според Европската скала за AQI од 0 до 100, при што колку е повисока мерката, толку е позагаден воздухот.
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 76 гости и нема членови


web counter



qr code