Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

pozar trgovski130.12.2016  Изгоре дел од инсталацијата со електричната табла и струјомерите за становите и останатите корисници од влезот 2 во Трговскиот центар, блок “А“.

Силниот мирис на изгорена пластика и чадот што се појавил нешто пред 13 часот на влезот од ходникот ги вознемириле станарите кои во малата паника што настанале добиле впечаток дека се запалил некој од становите на погорните катови.

Поради тоа веднаш била повикана ТППЕ – Кочани која, и покрај потешкотиите поради претпразничниот метеж од возила по улиците во централното градско подрачје, пристигнала навреме.

- Интервенирано е од наша страна со едно возило и тројца пожарникари, меѓутоа поради сериозноста на ситуацијата беше повикано уште едно возило со двајца пожарникари. Во меѓувреме известена е и дежурната екипа на ЕВН Македонија за да можат да пристапат кон исклучување на електричната инсталација за да може што побрзо да се санира настанатиот проблем, рече Дејан Арсов, командир на ТППЕ – Кочани.

Освен пожарникарите, за пожарот биле известени и надлежните во Полициската станица и од Дирекцијата за заштита и спасување, кои со свои екипи направиле увид.

Интервенцијата за локализирање на пожарот била успешна и спречено е проширување на огнот. Освен материјалната штета на електричната инсталација во стихијата нема повредени, ниту други посериозни последици.

- Во меѓувреме се очекува ЕВН Македонија да си ја преземе обврската за санирање на штетите за да можат во најскоро време овие жители да добијат напојување со електрична енергија. Противпожарната единица - Кочани е веќе повлечена од местото на интервенцијата, а остануваме се уште дежурни овде за да може да се заврши целокупната акција која што ја спроведуваме во моментот, додава Арсов.

Увидот на надлежните дополнително треба да ги открие причините за избувнување на пожарот, но станарите што живеат во овој и соседните влезови сметаат дека преоптоварената електрична инсталација е главниот виновник за тоа. Се сомневаат дека освен становите, на разводната електрична табла нелегално биле приклучени и други корисници кои имаат деловен и друг простор во Трговскиот центар .

Т. Ајтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 13 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 176 гости и нема членови


web counter



qr code