Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

prvo bebe 201703.01.2017  Новата 2017 година на акушерското одделение во кочанската Општа болница започна со машко новороденче.

Тоа е прва рожба за мајката Ѓулџана и за семејството Мемедови од Кочани. За разлика од изминатите години кога на првото новородено бебе се чекаше по неколку денови, годинава тоа се случи уште на првиот ден од годината која штотуку започна.

Според дежурниот гинеколог, при породувањето немало никакви проблеми.

- На 1 јануари 2017 година се роди првото дете во Општа болница – Кочани, во 22,50 часот се роди живо машко дете, со телесна маса од 3500 грама и долго 50 сантиметри. Раѓањето протече во најдобар ред, се беше добро, рече д-р Фонзи Јуруков, гинеколог.

И по раѓањето новороденчето и мајката се чувствуваат добро, а од Општа болница рекоа дека на почетокот од годината веќе очекуваат и нови породувања.

- И мајката и бебето се во добра општа состојба, ја користам приликата да им честитам на родителите за нивната прва рожба. Очекуваме уште една, се надевам дека во текот на денот ќе имаме уште некое новороденче, рече д-р Оливера Цимбаљевиќ, в.д. директор на Општа болница – Кочани.

Вообичаено, првото новороденче во новата година го посети градоначалникот и на мајката и врачи подарок.

- Сакам на младите сопружници да им ја честитам првата рожба, на граѓаните на општина Кочани исто така првото дете, машко е, значи ќе имаме убава и плодна година, нека им е честито и да имаме што повеќе такви случаи, повеќе новороденчиња, рече Ратко Димитровски, градоначалник на Општина Кочани.

Слични желби за повеќе породувања во кочанската Општа болница имаше и минатата година, но тие не се исполнија. Според евиденцијата на Акушерското одделение, 2016-та завршила со точно 50 породувања помалку во однос на претходната година. Всушност, на крајот од 2015-та биле регистрирани вкупно 294 новороденчиња, додека заклучно со овој 31 декември во списокот се запишани 244 нови раѓања.

Ако ваквите бројки се споредат со претходните години ќе се види дека има сериозен тренд на опаѓање, што само ја потврдува намалената стапка на наталитет. Податоците за 2013 година се дека во Кочани имало 390 породувања, додека во 2014 бројот изнесувал 360, што значи дека просечно секоја година имало по околу 40-тина бебиња помалку.

T. Ајтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

8°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: NE при 9 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток2°C/15°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 130 гости и нема членови


web counter



qr code