Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

prazen paricnik04.01.2017  Влезена ли е Локалната самоуправа на Кочани во опасната црвена зона за задолжување со кредити што треба да се отплаќаат од општинскиот буџет? Дилемата за ова е реална со оглед на обврските за земените, а неотплатени кредити.

Со оглед што законските прописи определуваат вкупното кредитно задолжување да изнесува до 30 отсто од вкупниот оперативен буџет, локалната власт нема многу можности за финансиски експерименти со земање позајмици од домашни или странски извори.

Со земените кредити во изминатите неколку години веќе е помината горната граница на лимитот од околу 1 милион и 800 илјади евра.

Само како потсетување, жителите на Општина Кочани во наредните години веќе имаат за враќање кредити од 2 милиони евра, од кои половина за јавното осветлување и уште половина за изградбата и асфалтирањето на 10 улици во градот и населбата Оризари. Кон овие обврски треба да се додаде и кредитот од 600 илјади евра што во 2009 година беше земен од Светска банка за замена на главниот водоводен цевковод од средна зона во градот.

Поради тоа, евентуален нов поголем кредит на Општината ширум ќе и ја отвори вратата за влез во групата на презадолжени во државата.

Таквата можност постои, ако се земе предвид давањето приоритет на проектот за изградба на кружен тек на двојниот мост кај Гимназијата. Проценката вели дека трошоците за овој објект ќе изнесуваат меѓу 600 и 700 илјади евра, а финансискиот извор се уште не е утврден.

Во калкулациите за кредитниот рејтинг на Општина Кочани не се земени предвид натрупаните долгови на училиштата, што според проценките до средината на минатата година изнесуваа 1,5 милион евра, од кои две третини се за бесплатниот превоз на учениците. Токму тоа веројатно ја плаши општинската власт, па на разгледувањето на Предлог-буџетот за 2017-та најави дека во новата година ќе се сконцентрира на намалување на оваа голема финансиска дупка.

- Оваа година не само што ќе ги стопираме обврските за средно и основно образование во однос на транспортот на учениците, тука ќе имаме намалување на обврските од претходните години и се стремиме тој тренд да го одржуваме, рече Дејан Рашков од Секторот за финансии на Општина Кочани.

Без разлика дали ќе се стопираат обврските за трошоците на училиштата, Локалната самоуправа на Кочани очигледно има доволно главоболки од каде да најде пари за покривање на сите планирани, но и непланирани непродуктивни трошоци.

Свесно или не, со преселбата на последната седница на Советот во објектот на Пониква каде се изгласа Буџетот за 2017, извршната локална власт како да сакаше од јавноста да ја сокрие грижата на совеста за финансиските јазли што допрва треба да ги отплеткува.

Т. Ајтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NNE при 13 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 181 гости и нема членови


web counter



qr code