Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

VINICa ulici sneg11.01.2017  Минус 16 степени е дневната температура во Виница, а ноќните се за 10 степени пониски и од дневната.

Студот и мразот си го наплаќаат долгот, замрзнати улици, замрзнати цевки, отежната функционалност на целокупниот систем, а кога се патува на подолга релација, опасноста демне од сите страни.

И машините не се адаптирани на овие температури, па не се за изненадување и дефектите. Шеснаесетгодишната старост на машината за чистење снег на ЈКП “Солидарност“два дена ја блокира работата на оваа институција.

- Во текот на вчерашниот ден нашето возило имаше дефект. Возилото успеа да стигне да ги исчисти патиштата кон Пеклани, Крушево, Драгобраште а не успеавме да стигнеме во село Липец, рече Игор Спасовски, директор на ЈКП „Солидарност“ Виница.

Дел од населените места се целосно отсечени, се прават напори со ангажирање на приватни фирми барем делумно да се расчисти сообраќајната мрежа.

- Побаравме помош од “Македонија пат“, но и тие имаат дефект, не можеа да излезат во пресрет, целосно се отсечени Калиманци и Грлани. Досега се исфрлени 27 метри кубни песок и 4.200 кг сол, имаме залиха околу 25 метри кубни песок и околу 2,5 тони сол, додаде Спасовски.

Покрај сообраќајната мрежа, секојдневни се и дефектите во водоводната мрежа, а од ден во ден расте и бројот на пациенти со скршеници на екстремитетите. Дефинитивно, природата не стави на голем тест, кој за жал тешко го минуваме како индивидуално, така и институционално. Подготовките за ваков студ и мраз би требало да се прават стратешки и долгорочно.

Т. Велкова

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 71%
Ветер: Variable при 2 kmh
Понеделник-3°C/7°C
Вторник1°C/9°C
Среда2°C/12°C
Четврток3°C/14°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 111 гости и нема членови


web counter



qr code