Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

VODOSTOPANSTVO11.01.2017  АД Водостопанство на Република Македонија - подружница „Брегалница“ Кочани поголем дел од побарувањата од земјоделците за воден надоместок веќе ги наплати.

Директорот на Подружницата, Николчо Гоцев вели дека очекува до крајот на јануари да биде исплатен целиот долг од 58 милиони денари.

- Завршивме со доставата на фактурите по пошта и на рака и секојдневно луѓето доаѓаат и уплаќаат воден надоместок. Оние кои што имаат проблеми доаѓаат даваат забелешки и еве уште еден апел за сите кои што имаат проблеми со нерешени правно имотни односи со давање на нивното земјиште други на работат или слично да го регулираат што побрзо и да ги расчистат проблемите. Инаку, во однос на наплата секојдневно стигнуват пари, така што јас се надевам дека до крајхот на јануари ќе го наплатиме целиот долг, рече Николчо Гоцев, директор на водостопанска подружница „Брегалница“ Кочани.

58-те милиони денари се средства кои што во овој момент му се неопходни на претпријатието за поправка на одделни делници од мрежата на системот за наводнување посебно од десниот магистрален канал.

Во однос на донесениот Годишен план за наводнување на земјоделски површини за наводнителната сезона 2017 година до Подружницата во Кочани стигнале некои ситни забелешки, вели Гоцев.

- Во врска со планот за наводнување за 2017 сезона, кој што беше истакнат и на нашите огласни табли, очекувавме забелешки кои што беа донесени во писмена форма, беа разгледани, исто така им беше одговорено, така што веќе е официјализиран и истакнат по месните заедници, додаде Гоцев.

Инаку, согласно донесениот план во наводнителната 2017 година ќе се наводнуваат вкупно 10.000 ха, што е за 500 ха повеќе во споредба со 2016 година. Во планот за наводнување доминираат житните култури на над 8.500 ха, од кои оризот на површина од 5.200 ха.

Т. Велкова

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/14°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-2°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 73 гости и нема членови


web counter



qr code