Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

zamrznata brana12.01.2017  Екстремно ниските температути во изминатиот период придонесоа за комплетно замрзнување на водата во вештачката акумулација Гратче.

Студените ноќни периоди кои во подножјето на Осоговијата надминаа минус 20 степени го прекрија со мраз целото водено огледало на браната. Со оглед што капацитетот не е максимално исполнет, акумулацијата има можност да го прими минималниот доток што доаѓа од Мала и Голема Река.

Проценките се дека просечната дебелина на мразот изнесува над 10 сантиметри, а слично такво замрзнување имаше пред 15-тина години, кога неопходно беше негово кршење за да се избегне притисокот врз бетонскиот преграден ѕид на бараната.

Од риболовното друштво “Кочански рибар“, чии членови во почетокот на декември извршија порибување на езерото, рекоа дека рибниот фонд е безбеден и нема потреба од дополнителни мерки за заштита. Со количините што се влеваат во браната се обезбедуваат неопходните потреби од свежа и чиста вода, поради што за сега не е планирано прихранување на рибите.

Инаку, максималниот капацитет на акумулацијата Гратче е нешто повеќе од 2 милиони метри кубни вода, а во моментот е акумулирани над 50 отсто до таа количина. Со покачувањето на температурите и топењето на снегот и мразот, за краток период се постигнува целосно полнење и прелевање преку преградниот ѕид.

Т. Ајтовски

©2016 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/13°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-3°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 104 гости и нема членови


web counter



qr code